Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Општина Карпош ќе ја запознае општината Флери-сур-Орн

Printer-friendly versionSend to friend

Делегација од Општина Карпош ќе биде во официјална посета во Флери-сур-Орн, Долна Нормандија, од 16 до 18 декември 2012 година.

 
Делегацијата од македонската општина ќе се сретне со своите колеги во Флери-сур-Орн со цел да се конкретизираат полињата на идна соработка во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Според тоа, македонската делегација ќе оствари средба со претставници на разни сектори од Општината, а исто така и ќе присуствува на средбата на општинскиот совет што ќе се одржи на 17 декември.
 
Помеѓу другите активности, предвидено е делегацијата од Општина Карпош да ја запознае образовната и спортска инфраструктура на Флери-сур-Орн преку посета на училишта, библиотеки и спортски терени, како и економската страна преку посета на индустриската зона и на продавницата Икеа која е важен фактор за економскиот развој на општината.
 
Двете општини остварија прва средба, на која покажаа силна волја за идна соработка, во јули 2012 година кога делегација од Флери-сур-Орн, предводена од градоначалникот, беше на официјална посета на Општина Каропош.
Macedonian
17.12.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“