Управен одбор за среднорочното работење на третата година од програмата за децентрализирана соработка ќе се одржи на 3ти мај 2010 година во Каен, Долна Нормандија и на 11ти мај 2010 година во Скопје. На управниот одбор ќе присуствуваат сите партнери на проектот. Целта е да се разгледаат досега реализираните активности и да се дискутира за новите перспективи во проектот и соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија.
Децентрализираната соработка меѓу францускиот регион Долна – Нормандија и Македонија е во третата година на работење. Најважниот момент кој ја одбележа оваа година на соработка е потпишувањето на договорот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна – Нормандија и македонското министерство за локална самоуправа во октомври 2009 година. Во овој прв дел од годината беа спроведени повеќе активности: Петтата меѓународна конференција е – Општество (e-Society) во декември 2009 година во Скопје, студиска посета на македонски градоначалници во Франција во февруари 2010 година на тема оддржлив туризам, тркалезни маси за оддржлив туризам во Берово, Новаци и Маврово, студиска посета во Франција на тема млади итн. Остатокот од активности се планирани до крајот на септември: посета на градоначалници од Долна Нормандија во Македонија во мај 2010 година, попис на културно наследство во Македонија во јуни 2010 година, конференција за оддржлив туризам во септември 2010 година во Каен, Долна – Нормандија.
Оваа последна година од проектот не е и последна за соработката. Планирано е таа да продолжи по овој период до 2013 година.
За повеќе информации контактирајте ја Ивана Димитровска: ivana.dimitrovska@aldaintrenet.org
РЕГИОНОТ ДОЛНА – НОРМАНДИЈА
ОПШТА ДИРЕКЦИЈА ЗА УСЛУГИ
МИСИЈА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Соработка меѓу Долна – Нормандија и Република Македонија
Управен одбор за среднорочното работење на третата година од програмата за соработка
Вторник 11 мај 2010
Скопје, просториите на ЦИРА ул. Диме Анцин, бр.9
АГЕНДА
9h30 Кафе прием
9h45 Отворање од страна на претставничката на мисијата за децентрализирана соработка и од АЛДА
10h00 Преглед на поднесениот тригодишен проект 2010/2013
10h30 Преглед на интернационалната програма Балкан, предводена од Регионот Оверњ
10h45 Тркалезна маса за преглед на првото полугодие од третата година на соработка, од страна на секој партнер
11h15 Пауза
12h30 Ручек
14h30 Перспективи за вториот семестар
16h00 Пауза
16h15 Преглед врз децентрализираната соработка на градовите од Долна – Нормандија и Македонија : мисија од мај 2010
16h30 Различно
17h00 Крај на работата