Во Франција, меѓународните односи се надлежност на Државата
Меѓутоа, законот Тиолиер од 2007 (la loi Thiollière de 2007) надлежноста за меѓународните односи им ја доделува на локалните заедници.
Правната рамка на децентрализирана соработка се дефинира со членот Л 1115-1 од законот за локални заедници.
Тој ја отвора можноста на француските територијални заедници да усвојуваат конвенции со територијални зедници од други земји.
Денес многу конвенции за децентрализирана соработка се склучени помеѓу француските територијални заедници и територијални зедници од други земји во најразлични области.
Можете да дознаете повеќе за децентрализираната соработка благодарение на страната на Делегацијата за надворешни работи на локалните заедници (DAECL) при Министерството за надворешни и еврпоски работи на Франција: http://diplomatie.gouv.fr/cncd/.
Размена на искуства и вештини
Промоција на правната држава: засилување на локалните демократски навики
Отворање кон светот, солидарност и заеднички интерес
Подобро запознавање и взаемна споредба со интеркултурно учење.
Активности од социјален и политички интерес: за категориите на поранливото население: млади, нешколувани млади, невработени на подолг период, раселеното население...
Поддршка на меѓународната размена на младите
Меѓународна солидарност во итни случаи
Отворање на Долна Нормандија кон странство и можност за економски поредок
Билатералната соработка има за цел да ги развие зедничките односи во една граѓанска перспектива. Исто така овозможува здружување на населението од двете зедници :асоцијативна и едукативна средина, претпријатија.. Пред се се работи за воспоставување на трајни односи базирани врз партнерството и размената на искуства. Исто така, Регионите поседуваат специфични одговорности во делот на уредување на територијата, образованието, или на економскиот развој, кои создаваат свои сопствени оски за работа во делот на соработката.
Регионот Долна Нормандија има потпишано договори за соработка со четири локални заедници во светот: регионот на Хемпшир, во Обединетото Кралство, провинцијата Хордаленд, во Норвешка, регионот Тоскана од Италија и провинцијата Фуџијан од Кина.
Преземете го натписот « Децентрализирана соработка и човекови права»- » на Регионот Долна Нормандија.
Најдете «[Распоредот на факторите за меѓународна соработка и на децентрализираната соработка од Долна Нормандија-
(Coordination Information Tiers-Monde) кој ќе Ви овозможи пребарување според 5 критериуми (Име или кратенка на здружението/организацијата, Град или департман, Земја или град на дејствување, Домен на дејствувње, Тип на активностите).
(Извор: Регионален совет на Долна Нормандија)