петок 22 јуни 2012

Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка

Последни новости од Долна Нормандија - Посетете го сајтот на Регонот Долна Нормандија (www.cr-basse-normandie.fr) (на француски):
- Новости: Новости / Информации
- Регионот ве известува: Извештај за медиуми / Говори / Извештај за медиуми
- Весниците на Регионот, Reflets и Normandirect.

Новости на децентралиэирана соработка - Посетете го сајтот на децентралиэирана соработка на France Diplomatie (www.diplomatie.gouv.fr/cncd) [fr].

21 септември 2010
Caen (Basse-Normandie)

Во својство на претседател на Интернационалниот институт за човекови права и мир, минатиот јули Алан Туре го покани г. Мемети, Омбудсманот на Република Македонија, да дојде во Каен и да се запознае со активностите на Институтот.

20 септември 2010
Каен (Долна Нормандија)

Партнерите во соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија се состанаа во Регионалниот совет на Долна Нормандија во Каен за да ја одредат програмата на активности за периодот од 2010 до 2013 година.

8 јули 2010
Makedonija

Господинот Ален Туре, потпретседател на регионот Долна Нормандија одговорен за меѓународни односи и госпоѓата Сабин Гише-Лебаји, шеф на мисијата за децентрализирана соработка и човекови права, беа во официјална посета на Македонија од 26 до 29 јуни 2010.

6 јули 2010
Р. Македонија

Во придружба на делегација, во периодот од 26 до 29 јуни, потпретседателот на регионот Долна Нормандија Алан Туре ја посети Македонија, односно градовите Скопје и Охрид.

21 јуни 2010
долна нормандија

Камил, Пол, Луси и Корали, четворица средношколци од комитетот за збратимување, се вратија од престојот во Македонија, поранешна Југославија.

18 јуни 2010
Vecer

Туристите се изненадени од богатата флора и фауна на земјава и најавуваат посета на нови групи француски граѓани

11 мај 2010
Долна – Нормандија и Македонија

Управен одбор за среднорочното работење на третата година од програмата за децентрализирана соработка ќе се одржи на 3ти мај 2010 година во Каен, Долна Нормандија и на 11ти мај 2010 година во Скопје. На управниот одбор ќе присуствуваат сите партнери на проектот. Целта е да се разгледаат досега реализираните активности и да се дискутира за новите перспективи во проектот и соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија.

5 мај 2010
Македонија/Франција

Македонските уметници ја освоија француската критика. Во рамките на манифестацијата Балканска пролет, годинава во Долна Нормандија од 31 март до 28 мај се претставува македонската култура во сите правци.

4 мај 2010
Каен (Долна Нормандија)

Македонските уметници што учествуваа на шестата „Балканска пролет“ во францускиот регион Долна Нормандија се задоволни од одѕивот на публиката и од посетеноста на многубројните настани што ги понуди манифестацијата што годинава и е посветена на македонската култура

3 мај 2010
Каен (Долна Нормандија)

Бројните настани што ги понуди Македонија во рамките на Балканска пролет, која од 2 април во 28 мај се одржува во францускиот регион Долна Нормандија, предизвикаа голем интерес. Манифестацијата, која годинава е посветена на македонската култура, започна на 2 април во градот Каен, Долна Нормандија со концертот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова и со изложба на фотографии за првите сниматели на Балканот - браќата Манаки подготвена од уметникот Роберт Јанкуловски.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA