петок 22 јуни 2012

Децентрализацијата во Македонија

Процесот на децентрализација во Македонија

Последниве години децентрализацијата е во центарот на политичкиот и административниот живот на Македонија.

Во прво време, непосредно по независноста на државата во 1991 година, властите усвоија стратегија на централизација на власта со цел да се зајакне нивната контрола на целата територија. Оваа стратегија беше променета по конфликтот во 2001 година и Охридскиот мировен договор.
За да се обезбеди подобра распределба на локалната власт помеѓу различните заедници кои живеат во Македонија, Охридскиот договор бараше реформа на децентрализација на власта. Оваа реформа поддржана од Европската Унија и од главните меѓународни фактори во Македонија доведе до големи законодавни промени во 2004 година.

Територијата на Македонија денес е поделена на 84 општини (плус Градот Скопје кој се состои од 10 општини). Овие општини имаат поголеми надлежности од порано во донесувањето на одлуките и во управување со буџетите. Општините имаат зголемени ингеренции за локален економски развој, заштита на животната средина и природата, култура, урбанизам, спорт, социјална заштита и заштита на децата како и образование.

Практичното остварување на процесот за децентрализација е сè уште во тек. Трансверот на надлежности се соочува со повеќе проблеми што се должат на комплексноста на овој процес, но исто така и на ситуацијата на политичката и економската транзиција во која се наоѓа Македонија.

На чело на секоја од општините се наоѓа градоначалник и општински советници кои се избрани со непосредно гласање.

Општините се финансираат со нивни сопствени средства, преку данок на приход како и преку дотации од националниот буџет.

Со цел да се обезбеди подобро распределување на власта помеѓу етничките заедници, некои одлуки на општинско ниво се донесуваат со Бадентерово правило, според поранешниот француски министер Роберт Бадинтер (Robert Badinter). Овој принцип подразбира дека за да се изгласа одредено прашање тоа треба го добие мнозинството од две групи: мнозинство од сите општински советници и мнозинството од советниците кои се од етничко малцинство во општината.

Одредби од Охридскиот рамковен договор

На 13ти август 2001 година, Охридскиот рамковен договор стави крај на конфликтот со тоа што беа наложени важни реформи за подобро преставување на малцинствата и се предвиде нов Устав.

Според одредбите на овој договор, Уставот од 1991 година беше променет за да се поништи референцата според која Славо-македонците беа единствениот народ основач на земјата. Од сега македонското општество е гледано како општество кое е составено од граѓани со различно етничко потекло.

Договорот исто така воведува систем на „двојно мнозинство“ во Парламентот. Тоа предвидува дека за да биде прифатен, еден текст мора да ги има барем половина од гласовите на еден или на повеќе групи припатници на етнички малцинства.

Употребата на албанскиот јазик е дозволена во официјални докуементи и како јазик за работа за време на плеарните седници и во парламентарните комисии како и во судовите. Сите закони се пишани на двата јазика, македонски и албански. Од друга страна пак, само македонскиот јазик може да биде употребуван од страна на македонската влада (освен во одредени албанофонски зони). Албанскиот стана втор официјален јазик во регионите каде што луѓето кои зборуваат албански претставуваат повеќе од 20% на населението. Државата е должна да финансиски да обезбеди школување, освен основно и средно и високо образование (универзитет) на албански јазик во зоните каде што албанците претсвавуваат повеќе од 20% од населението.

Од сега, државата гарантира пропорционална репрезентација на малцинствата во државната администрација, полицијата и уставниот суд. Предвиден е процес на децентрализација.

На крај, државата им дава еднаков статус на православната, муслиманската и католичката религија.

Територијална организација на Македонија

Македонија е поделена на 84 општини поделени на 8 региони кои имаат само административна улога.

Општините :
Општините постоеја уште во времето на Југославија а нивниот број се менуваше во зависност од периодите. Овие општини беа укинати со независноста и Уставот од 1991 година предвидуваше нова административна поделба.

Во 1996 година македонската влада реши да создаде 123 општини.
Но, подоцна се покажа дека бројот на општини е голем и имаше повторна промена во 2004 година. Денес, Македонија е поделена на 84 општини.
Десет од овие општини се здружени за да го формираат Град Скопје кој има посебен статус.
Општините се класирани како „рурални општини“ и „урбани општини“.
Во 2004 година, опозицијата, која сметаше дека некои општини имаат многу албанско мнозинство и бараше референдум за да последната поделба. Слабото учество го поништи резултатот и беше задржан истиот состав на општините.

Регионите:
Осумте региони имаат само административна улога. Тие беа креирани само за легални и статистички причини.
Тие се:
- Регионот околу Скопје (составен од Градот Скопје и 7 околни општини)
- Пелагонија
- Полог
- Југоисточен регион
- Североисточен регион
- Југозападен регион
- Вардарски регион

- Детална карта на општините во Македонија[mk]:

(Извор: Министерсво за локална самоуправа на Македонија->http://www.mls.gov.mk/])


PегионРеден броjОпштинаЦентар на ОпштинатаПовршина (km²)Население (2002)
Источен 39 Берово Берово 597 km² 13.941 жит.
28 Чешиново-Облешево Облешево 133 km² 7.490 hab.
26 Делчево Делчево 423 km² 17.505 жит.
29 Карбинци Карбинци 231 km² 4.012 жит.
24 Кочани Кочани 357 km² 38.092 жит.
32 Лозово Лозово 166 km² 2.858 жит.
25 Македонска каменица Македонска каменица 189 km² 8.110 жит.
38 Пехчево Пехчево 208 km² 5.517 жит.
23 Пробиштип Пробиштип 326 km² 16.193 жит.
31 Штип Штип 583 km² 47.796 жит.
22 Свети Николе Свети Николе 483 km² 18.497 жит.
27 Виница Виница 432 km² 19.938 жит.
30 Зрновци Зрновци 52 km² 3.264 жит.
Североисточен 21 Кратово Кратово 375 km² 10.441 жит.
20 Крива Паланка Крива Паланка 482 km² 20.820 жит.
17 Куманово Куманово 432 km² 105.484 жит.
7 Липково Липково 270 km² 27.058 жит.
19 Ранковце Ранковце 240 km² 4.144 жит.
18 Cтаро Нагоричане Старо Нагоричане 515 km² 4.840 жит.
Пелагониски 71 Битола Битола 790 km² 95.385 жит.
70 Демир Хисар Демир Хисар 480 km² 9.497 жит.
51 Долнени Долнени 418 km² 13.568 жит.
72 Кривогаштани Кривогаштани 88 km² 6.150 жит.
52 Крушево Крушево 190 km² 9.684 жит.
73 Могила Могила 255 km² 6.710 жит.
74 Новаци Новаци 755 km² 3.549 жит.
50 Прилеп Прилеп 1.198 km² 76.768 жит.
69 Ресен Pесен 549 km² 16.825 жит.
Полошки 59 Боговиње Боговиње 141 km² 28.997 жит.
12 Брвеница Брвеница 164 km² 15.855 жит.
60 Гостивар Гостивар 375 km² 81.042 жит.
9 Јегуновце Јегуновце 174 km² 10.790 жит.
61 Маврово и Ростуша Ростуша 856 km² 8.618 жит.
10 Теарце Теарце 137 km² 22.454 жит.
11 Тетово Тетово 262 km² 86.580 жит.
2 Врапчиште Врапчиште) 157 km² 25.399 жит.
58 Желино Желино 201 km² 24.390 жит.
Скопски 1,3 Аеродром Аеродром 72.009 жит.
75 Арачиново Арачиново 38 km² 11.597 жит.
1,6 Бутел Бутел 36.154 жит.
1,4 Чаир Чаир 53 km² 64.773 жит.
1,1 Центар Центар 9 km² 45.412 жит.
8 Чучер Сандево Чучер Сандево 215 km² 8.493 жит.
1,2 Гази Баба Гази Баба 92 km² 72.617 жит.
1,9 Ѓорче Петров Ѓорче Петров 63 km² 41.634 жит.
6 Илинден Илиден 97 km² 15.894 жит.
1,8 Карпош Карпош 21 km² 59.666 жит.
1,5 Кисела Вода Кисела Вода 43 km² 57.236 жит.
16 Петровец Петровец 222 km² 8.255 жит.
1,10 Сарај Сарај 230 km² 35.408 жит.
3 Сопиште Сопиште 223 km² 5.656 жит.
4 Студеничани Студеничани 276 km² 17.246 жит.
1,7 Шуто Оризари Шуто Оризари 6 km² 22.017 жит.
5 Зелениково Зелениково 177 km² 4.077 жит.
Југоисточен 46 km² Богданци Богданци 114 km² 8.707 жит.
41 Босилово Босилово 143 km² 14.260 жит.
47 Гевгелија Гевгелија 484 km² 22.988 жит.
36 Конче Конче 233 km² 3.536 жит.
42 Ново Село Ново Село 257 km² 11.567 жит.
37 Радовиш Радовиш 502 km² 28.244 жит.
45 Стар Дојран Стар Дојран 129 km² 3.426 жит.
43 Струмица Струмица 311 km² 54.676 жит.
44 Валандово Валандово 331 km² 11.890 жит.
40 Василево Василево 231 km² 12.122 жит.
Југозападен 63 Центар Жупа Центар Жупа 107 km² 6.519 жит.
62 Дебар Дебар 85 km² 19.542 жит.
67 Дебарца Белчишта 423 km² 5.507 жит.
64 Другово Другово 383 km² 3.249 жит.
55 Кичево Кичево 48 km² 30.138 жит.
13 Македонски Брод Македонски Брод 875 km² 7.141 жит.
68 Охрид Охрид 392 km² 55.749 жит.
56 Осломеј Осломеј 137 km² 10.420 жит.
53 Пласница Пласница 54 km² 4.545 жит.
65 Струга Струга 469 km² 63.376 жит.
66 Вевчани Bевчани 35 km² 2.433 жит.
54 Вранештица Вранештица) 109 km² 1.322 жит.
57 Зајас Зајас 161 km² 11.605 жит.
Вардарски 14 Чашка Чашка 727 km² 7.673 жит.
48 Демир Капија Демир Капија 312 km² 4.545 жит.
33 Градско Градско 291 km² 3.760 жит.
49 Кавадарци Кавадарци 998 km² 38.741 жит.
35 Неготино Неготино 414 km² 19.212 жит.
34 Росоман Росоман 133 km² 4.141 жит.
15 Велес Велес 518 km² 55.108 жит.

Домени за интервенција на македонските општини

PDF - 3 Mo

- Симнете го Водич за градоначалници и членови на општинскиот совет на Република Македонија [en], Објавен од страна на Заедница на единици на локална самоуправа на Македонија (ЗЕЛС).

Домените на интервенција на македонските општини се следниве:

  1. Урбана и рурална планификација
  2. Заштита на природата и животната средина
  3. Локален економски развој
  4. Комунални активности
  5. Култура
  6. Спорт
  7. Социјална заштита и заштита на децата
  8. Образование
  9. Здравство
  10. Планификација за време на граѓански конфликт
  11. Пожарникарска служба
  12. Надгледување на општинските служби

Извор на иформации

Најдете ги написите од Courrier des Balkans [fr]:
- Македонија : Постепена фискална децентрализација (29 април 2007)
- Македонија: децентрализацијата поминува преку дијалог (11 декември 2006)
- Децентрализација во Македонија: да се деполитизира, повторно да се политизира, итн. (22 декември 2005)
- Македонија, четири години по Охридскиот довор (14 септември 2005)
- Македонија: неуспех на референдумот) (8 ноември 2004)
- референдум што ја загрозува стабилноста на Македонија (30 септември 2004)
- Македонија: граѓанското општество се мобилизира против децентрализација (6 септември 2004)
- Македонија, ризикот на децентрализацијата (17 август 2004)

- Сајтот на Министеството за локална самоуправа на Македонија [ mk ] [ sq ] [ en ]
- Сајтот на Заедницата на единици на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) [ mk ] [ en ]
- Сајтот на францускиот сенат [fr]

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA