По повод отпочнувањето на втората етапа од соработката, тројца од вклучените актери даваат свое лично видување за сработеното и за она што допрва ќе се остварува. Соработката само што го прослави третиот роденден. Некој би рекол, само трет? Но на оние кои влегоа во оваа авантура, особено од македонската страна, изминатите километри им донесоа богато искуство. И оние кои се дел од проектов од неодамна и оние кои се вклучени од самиот почеток гледаат на соработката со радост. Гордо стојат зад сработеното и гледаат нанапред.
Во својство на претседател на Интернационалниот институт за човекови права и мир, минатиот јули Алан Туре го покани г. Мемети, Омбудсманот на Република Македонија, да дојде во Каен и да се запознае со активностите на Институтот.
Со концерт на Есма Реџепова започна шестата „Балканска пролет“ во која до 28 мај ќе биде презентирана македонската култура