петок 22 јуни 2012

Македонија

Општи податоци

- Карта на Македонија [fr]: кликнете за да се зголеми

Македонија Уставно име: Република Македонија
Главен град : Скопје
Површина : 25.713 km²
Јазик: официјален јазик е македонскиот. Во општините каде има 20% од една етничка група која е различна од македонската, јазикот на таа група е исто така официјален јазик, паралелно со македонскиот.
Универзитети : Скопје, Битола, Охрид, Штип, Тетово
Интернет корисници : 100.000 (5% од населението)

Празници:
- 1 јануари: Прв ден од годината
- 6 јануари: Православен Бадник
- 7 јануари: Православен Божиќ
- 8 март: Денот на жената
- Променлив датум: Православен Велигден
- Променлив датум: Чист понеделник
- 1 мај: Денот на трудот
- 24 мај: Св. Кирил и Методиј
- 2 август: Илинден (државен празник) (комеморација на востанието од 1903 год. во Балканот против Отоманите)
- 28 август: Вознесение
- 8 септември: Денот на независноста (1992)
- Променлив датум: Почеток на Рамазан (празник на исламската заедница)
- 11 октомври: неработен ден (втор државен празник, комеморација на востанието против фашистите од 11 октомври 1941)
- Променлив датум: Завршување на Рамазан (празник на исламската заедница)
- 1 ноември: Дуовден
- 17 ноември: Денот на Уставот
- 8 декември: Св. Климент Охридски (светец заштитник на Македонија)
- Променлив датум: Курбан Бајрам (празник на исламската заедница)

Демографија

Население : 2.071.210 жители (попис 2002)
Профил на население (Извор: ДЖС - попис 2002):
- Македонци (64,18%),
- Албанци (25,17%),
- Турци (3,85%),
- Роми (2,66%),
- Срби (1,78%),
- Бошњаци (0,84%),
- Власи (0,48%),
- друго (1,04%)
Религии: православни христијани (70%), муслимани (29%), други (1%)
Годишен пораст : 0,28% (2003)
Демографија на населеност: 81 жител./km² (2005)
Животен век : 71,5 години за мажи, 76,6 години за жени (2007)

Економија

JPEG - 41.4 ko
Стадо овци на Шар Планина

Валута : денар (MKD), 1 евро = 61,5 денари
БДП/жител. : 2.400 евра (2006)
Стапка на пораст (2006) : 3,8%
Стапка на невработеност (2006) : 36%
Стапка на инфлацја (2006) : 3,2%
Биланс на буџет: 0,6% од БДП
Комерцијален биланс (2006) : -1.015 M€
Надворешен долг: 1,3 милјарда долари

Дел од главните сектори на дејност во БДП:
- земјоделство : 13,2%
- индустрија : 29,1%
- услуги : 57,7%

Земјоделство: житарици (жито, пченка, репа), ориз, сончоглед, тутун, грозје, градинарски производи (домати, краставици, пиперки, зелка).
Македонија изобилува со повилни земјоделски услови и скоро е независна во своето производство на храна. Приватниот сектор е заслужен за 80% од земјоделското производство.

Индустрија: електрична, обработка на нерафинирано масло, челик, рафинерија и обработка на метали, автобуси, синтетички влакна, цигари, текстил, обувки, мебел.

Рударство: јаглен, цинк, олово, силикон, никел, хром, мемер.

Претпријатија (на 31 декември 2005): 67.026 вкупно претпријатија.
Структура по вид на претпријатие:
- приватни 63.973
- кооперативни 1.436
- социјални 809
- мешани 769
- државни 39

Транспорт: Македонија се наоѓа на крстопатот на југо-источна Европа. Нејзините инфраструктурни патишта и железнички пруги и нејзините два аеродрома (Скопје и Охрид) ја прават идеален центар за транзит и дистрибуција.
Двата големи паневропски коридора - Коридор 8 (Исток-Запад) и Коридор 10 (Север-Југ) - во моментов се во тек на реновирање. Ова уште толку ќе го засили капацитетот на македонската транспортна мрежа.

Извоз :
Главни производи: железо и челик, текстил, вино, овошје, зеленчук, конзервирана храна.
Главни партнери: Србија/Црна Гора 35,8%, Германија 24,1%, Грција 23,2%, Русија 15,2%, Италија 1,6%, Словенија, Косово (2006)

Увоз :
Главни производи: бензин, автомобили, опрема.
Главни партнери: Србија/Црна Гора 25,3%, Германија 22,4%, Грција 20,5%, Русија 17,8%, Италија 13,9%, Словенија (2006)

Географија

JPEG - 23.7 ko
Реката Вардар во Скопје

Македонија е земја на планини, сконцентрирани околу средната котлина на Вардар која се простира северо-запад - југо исток.

Земјените граници се издолжуваат на 766 км. Соседни земји се Албанија на запад, Косово на северо-запад, Србија на Север, Бугарија на исток и Грција на југ.

Стратешката функција на Македонија се должи на уоравувањето на големиот коридор кој ја поврзува ориентална Европа со медитеранот долж Морава и Вардар, еден пат кој е сведок на поминувањето на безброј грчки, романски, словенски и турски војски.

Главен град е Скопје (550.000 жители). Други поголеми градови се Битола, Куманово, Охрид, Тетово, Велес, Гостивар, Прилеп, Штип и Струмица.

Територијална организација

Македонија е поделена на 84 општини, собрани во 8 региони кои немаат никаква административна улога.
Види наша страница «Децентрализацијата во Македонија».

Историја

Од VI век п.н.е до падот на Римското Царство : Во времето на Филип II Македонски (359-336 п.н.е) и неговиот син Александар Македонски (336-323 п.н.е) македонската држава го достигна зенитот на својот развој

XI век : Жестоки бунтови против Византиското Царство, едно предводено од Петар Делијан (1040), внук на Самоил, друго предводено од Ѓорѓи Војтех (1072).

1392 : Македонија паѓа под доминација на Отоманското Царство, кое ќе трае пет века.

1893 : Основање на Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) во Солун. Главни цели: национална слобода и воспоставување на права автономна држава.

2 август 1903: Илинденско востание водено од жителите на Македонија, со која се бара својат анезависност од Отоманското Царство. Притоа Македонија беше, по независноста на Србија и Бугарија во 1878, една од последните европски теритоии на Царството. Востанието започна на Илинден и заврши десет дена подоцна со крваво задушување од отоманите кој остави 4000 мртви. Главно се водеше во центарот и на север на денешната Република Македонија, во околината на Крушево и селото Илинден, кое подоцна е така наречено во чест на востанието.

1913 : Втора балканска војна. Сојузниците од Првата балканска војна поведоа војна за доминација над Македонија. Мировниот договор во Букурешт (10 август 1913г) ја подели Македонија меѓу бугарија, Грција и Србија.

1925 : Прогреситичките сили на револуционерното движење ја основаат Револуционерната Организација на Македонија (Обединета).

1940 : Демократските сили на Македониа ја дефинираат политичката програма за национално и социјално ослободување.

11 октомври 1941 : Оваа дата го означува почетокот на борбата против фашистичкиот окупатор.

2 август 1944 : Се оддржа првата седница на Анти-фашистичкото Собрание за Национално Ослободување на Македонија (АСНОМ) на кое учествуваат претставници од Пиринска и од Егејска Македонија, се одржа во манастирот Св. Прохор Пчински. Таму падна одлуката за формирање на современа македонска држава и повторно да се интегрира во федералната Југославија.

април 1945 : Формирање на првата македонска влада. Во следните 45 години Македонија ќе биде една од шесте републики кој ја сочинуваа Југословенската Федерација.

8 септември 1991 : Референдум за независноста на Република Македонија. По распадот на Југословенската федерација, Република Македонија, во 1991 год, по пат на референдум, се прогласи за независна, суверена и автономна држава.

17 ноември 1991 : Изгласување на Уставот на Република Македонија.

Економската ситуација е многу тешка во првите години од независност: врските на Македонија со поранешна Југославија не и претставуваат повеќе никаков извор поради војната и поставеното ембарго на Србија и на Црна Гора, дотогаш нејзини привилигирани комерцијални партнери. Непријателството од страна на Грција не и помогна многу во оваа ситуација. Индустриското производство сосема се намали меѓу 1989г. и 1992г, а земјоделството не го прехранува населението.
Земјата е примена во ОН во април 1993, и првите дипломатски врски се воспоставуваат во декември.
Првите претседателски избори, организирани една година подоцна, завршија со победа на десничарскиот кандидат, кој исто така беше и претседател на Републиката и во рамките на Југославија. Голем број на нерегуларности се појавуваат, и опозицијата ги бојкотира парламентарните избори.

1995г. обележуваат пресврт во историјата на Македонија, со потпишување на договор со Грција, под американски притисок, се крева ембаргото кое ја задушување земјата. Во исто време Скопје се приклучува на Советот на Европа и на ОБСЕ, како и на Партнерството за мир на НАТО.
Економијата стагнира поради тешкотиите на транзицијата кон пазарна економија, која беше истакната со војната која изби на Балканот. Потрошувачката го зголеми и продлабочи комерцијалниот дефицит, при тоа невработеноста остана многу голема.

Кризата во Косова ја дестабилизира младата држава, со прилив на 300,000 бегалци кои претставуваат 15% од својето тотално население. За среќа, нивиот престој трае само неколку месеци, без инциденти, но истово ја забави економијата, исто така стана и главен пат на пристап до Косово, Македонија последователно повторно започна да биде активна.

Во 2001, силна етничка тензија ја засегна земјата, со која се истакнуваше важноста на албанското население, кое е мнозинство во некои делови на земјата и кое бара поголема власт. Во јули владата и албанските герилци го потпишаа Охридскиот Договор под закрило на НАТО. Овој договор ги гарантира политичките и културните права на албанското малцинство и предвидува реформа на децентрализација. (Види ја нашата страна «Децентрализацијата во Македонија»).

Штом се стабилизира, земјата се заложи да прави напори за интегрирање во ЕУ и НАТО. Во декември 2005, Македоинја доби статус земја кандидат за членство во Унијата, главна победа на владата на СДСМ-ДУИ во периодот 2002-2006 год.

Во јули 2006 коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДПА победуваа на парламентарните избори. Една нивна цел е одредување на датум за започнување на прегвори за членство во ЕУ и покана за членство во НАТО. Двете цели моментално се замрзнати, бидејќи Грција успеа да ја направи зависна од решавањето на спорот со името.

Ова не ја спречи ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со својот став со донесување на апсолутно мнозинство на предвремените избори во јуни 2008. овие избори се обележани со повеќе обиди на заплашување на албанските гласачи, пред се од страна на ДПА. Декредибилизирана, партијата загуби на изборите и не успеа да влезе во коалицијата. ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да коалицира со ДУИ на Али Ахмети.

Политика

JPEG - 43.9 ko
Ѓорге Иванов

Уредување: Република
Претседател: д-р Ѓорге Иванов (12 мај 2009 год.)
Избран на 5 години. Следни парламентарни избори во есента на 2014год.

Влада (26 јули 2008)
Коалицика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Премиер : Никола ГРУЕВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ) (од 5 јули 2006)
Вице-премиери :
- Задолжен За економски прашања : Зоран СТАВРЕСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Задолжен за европска интеграција:д-р Васко НАУМОВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Задолжен за инвестиции: Владимир Пешевски (ВМРО-ДПМНЕ)
- Задолжен за примена на Охридскиот Рамковен договор : Абдулхаким АДЕМИ (ДУИ)
Министри :
- Министер за Финансии : Трајко СЛАВЕСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Внатрешни работи : Гордана ЈАНКУЛОВСКА (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Транспорт и врски : Миле ЈАНАКИЕВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Надворешни работи : Антонио МИЛОШОСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Здравство : Бујар ОСМАНИ (ДУИ)
- Министер за Правда : Михајло МАНЕВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)

- Министер за Локална самоуправа : Муса ЏАФЕРИ (ДУИ)
- Министер за Економија : Фатмир БЕСИМИ (ДУИ)
- Министер за Одбрана : Зоран КОЊАНОВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Образование и Наука : Никола ТОДОРОВ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Култура : Елизабета КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Екологија : Неџати ЈАКУПИ (ДУИ)
- Министер за Земјоделство : Љупчо ДИМОВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
- Министер за Труд и Социјални работи : Џељаљ БАЈРАМИ (ДУИ)
- Министер за Информатика : Иво ИВАНОВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ)
Министри без ресор:
- Задолжен за странски инвеститори : Веле САМАК (ВМРО-ДПМНЕ)
- друго : Неџет МУСТАФА(ДУИ)
- друго: Хади НЕЗИРИ (ДУИ)

Парламент : еднодомен («Собрание»), составен од 120 седишта. Пратениците се избрани со пропорционално гласање за 4 години во 6 изборни места, секое претставено од 20 пратеници.
Последни парламентарни избори: 1 јуни 2008
Претседател: Трајко Велјаноски.

Застапени партии :
- ВМРО-ДПМНЕ: Внатрешно Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство (53 пратеници)
- СДСМ: Социјал-демократски Сојуз на Македонија (18 пратеници)
- ДУИ: Демократска Унија за Интеграција (18 пратеници)
- ДПА: Демократска Партија на Албанците (8 пратеници)
- ЛДП: Либерал-демократска Партија (4 пратеници)
- СПМ: Социјалистичка Партија на Македонија (3 пратеници)
- НСДП: Нова Социјал-демократска Партија (3 пратеници)
- ДОМ : Демократска Обнова на Македонија (1 пратеник)
- ДПСМ: Демократска Партија на Србите во Македонија (1 пратеник)
- ДПТМ: Демократска Партија на Турците во Македонија (1 пратеник)
- ДС: Демократски Сојуз (1 пратеник)
- ЛПМ: Либерална Партија на Македонија (1 пратеник)
- ПЕИ: Партија за Европска Иднина (1 пратеник)
- СРМ: Сојуз на Роми на Македонија (1 пратеник)
- СДАМ (1 пратеник)
- ВМРО-Македонија (1 пратеник)
- Независни (1 пратеник)
- НА: Нова Алтернатива (1 пратеник)

Надворешна политика

Интеграцијата во евро-атлантските структури е приоритет на Македонија.

Прва земја што го потпиша Договорот за Стабилизацја и Асоцијација (ДСА) со Европската Унија на 9 април 2001год. (стапи во сила на 1 април 2004), Македонија го виде својот прогрес на патот кон нормализација со признание во форма на статус кандидат од страна на европскиот Совет во декември 2005, но без фиксиран датум за почеток на преговори за пристам. Во својот извештај за напредок од 8 ноември 2006, европскта Комисија и истакна на земјата са се заложи за имплементација на потребните реформи за својот пристап кон унијата. Во 2006 Македонија доби помош во износ од 30,5 милиони евра во рамките на CARDS програмата. Од јануари 2007 Македонија ги исполнува условите за новиот пред-пристапен инструмент (IPA).

Член на Партнерството за Мир од 1995 год, Македонија е ангажирана во процесот на пристап во НАТО преку Акцискиот План за Членство (MAP - Membership Action Plan) усвоен во 1999 год. На самитот во Букурешт (април 2008 год) грчкото вето ја спречи Македонија да добие покана за формална интеграција во НАТО.

Од ноември 2006, Македонија е полноправен член на Меѓународната Организација на Франкофонијата.

Од својата независност, Социјалистичката Југословенска Република Македонија го зазеде уставното име «Република Македонија» и беше примена во Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во 1993 год. Следуваше спор со Грција за прашањето за името на земјата: за последнава, Македонија е име на историски регион на античка Грција, ова име не треба да се користи.
Притоа, новата дрќава е позната од страна на меѓународните институции од системот на ООН под името «Поранешна Југословенска Република Македонија» (ARYM на француски/FYROM на англиски).
По Времената Спогодба од 13 септември 1995, преговорите се одвиваа под закрило на ООН во Скопје и Атина за наоѓање на взаемно прифатливо решение. Личен пратеник од Генералниот Секретар на ООН за преговорите меѓу Грција и Поранешна Југословенска Република Македонија беше назначен Сирус Ванс (1993-1999) кој го наследи Метју Нимиц (САД) на 21 декември 1999 год.

Извори:
- Страницата на Министерството за надворешни работи на Македонија [ en ] [ mk ]
- Страницата на Министерството за надворешни работи на Франција Ministère des Affaires étrangères français [fr]
- Сајтот на Courrier des Balkans, страница Courrier de la Macédoine [fr]

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA