Карта на регионот Долна Нормандија [fr]: кликнете тука за да ја зголемите сликата
Главен град: Каен
Површина: 17.589 km²
Празници (национални):
1ви јануари: Нова Година
Датата се менува: Понеделник по Велигден
Датата се менува : Спасовден - во четврток (39 дена после Велигден)
8ми мај: Победа над фашистичка Германија (8 мај 1945)
Датата се менува: Пентакот - во понеделник (50 дена после Велигден). Денот Пентакот е ден е даден како ден на солидарност кон постарите лица (ако нема друг договор)
14ти јули : Државен празник на Франција
15ти август : Мала Богородица
1ви ноември : Дуовден
11ти ноември : Победа по првата светска војна (11 ноември 1918)
25ти декември : Божиќ
Население: 1.445.732 жители (јануари 2005 година) (Во цела Франција: 60.825.000 жители)
Густина на населението : 80,9 hab./km² (2005 година)
Животен век : 72 за мажите, 76 за жените (2005 година)
БДП: 34 милјарди евра (2006)
БДП по жител: 23.491 евра (2006)
Дел од главните сектори на активности во БДП:
земјоделство :4,8% (Франција 2,8%)
индустрија : 30,1% (Франција 25%)
услуги : 65,2% (Франција 72,2%)
во Франција Долна Нормандија е:
Прв земјоделски регион по производство на путер, свежи сирења и меки сирења, производство на јаболка за цидар, цидар, како и производство на праз и репа
Прв регион по број на коњи со 12% од националниот капацитет
Прв регион по производство на школки
Трет регион по производство на млечни производи и одгледување на говеда
Четврти регион по автомобилска индустрија
Земјоделство:
Во 2003 година, цо 7% од работноспособното население, земјоделството и понатаму продолжува да вработува голем број луѓе и да покрива голем дел од територијата (78%).
40% од населението живее на село (5ти регион во Франција)
Земјоделството во Долна Нормандија е организирано околу три главни продукти: млеко, месо и житарици.
Индустрија:
Во индустријата се вработени 25% од работоспособното население и произведува 30% од богатството на регионот. Индустријата постои веќе подолго време во Долна Нормандија, и тоа пред сè метална и текстилна индустрија и производство на бродови. Денес таа е реформирана и се истакнува прехрамбената, автомобилската индустрија и електрониката.
Неколку најдобро развиени индустриски гранки во Долна Нормандија: земјоделско-прехрамбена, автомобилска, енергија (пред сè нуклеарна), металуршка, составни делови на електроника, механичка опрема («Механички центар Југ-Нормандија»).
Извоз: 3,46 милјарди евра (2006 година)
Главни партнери: Германија, Шпанија, Обединетото Кралство, Италија
Увоз: 4,47 милијарди евроа (2006 година)
Главни партнери: Германија, Италија, Шпанија, Обединетото Кралство
Регионот се карактеризира со умерена океанска клима што му дозволува да ги избегне строгата зима што обично ги поштедува бреговите и околината.
Долна Нормандија поседува значително и разновидно културно наследсво што се каратеризира со надополнување на континенталните и морските пејзажи на релативно ограничена површина (17.589 km²).
Монт Сен Мишел (Mont-Saint-Michel), близу до Шербур, од секогаш беше обликуван од морското влијание. Со 430 километри брег, Долна Нормандија е еден од првите региони во Франција по должина на морски брег.
Во внатрешноста на територијата, Долна Нормандија се карактеризира со квалитетни рурални пејзажи кои се сè уште зачувани: долината во Котентен и Орн (Cotentin и Orne), Бесен (Bessin), многубројни шуми како шумата Анден или Екув (Forêt d’Andaines ou d’Ecouves)... Долна Нормандија располага исто така со пошумена површина која покрива 9% од целата територија.
На територијата на Долна Нормандија има три регионални паркови:
Регионалниот природнен парк Маре од Котентин и Бесин (Marais du Cotentin et du Bessin) [ fr ] [ en ]
Регионалниот природнен парк Норманди-Мен [fr]
Регионалниот природнен парк Перш [fr]
Уредување на територијата: - може и просторно планирање
погледнете го делот «Уредување на територијата на Долна Нормандија»
Во Долна Нормандија има три департмани
Департмент | Поштенски код | Површина | Население | Густина на населението | Префектура | Под-префектура |
---|---|---|---|---|---|---|
Калвадос (Calvados) | 14 | 5.548 km2 | 648.385 жит. | 116 жит./km2 | Каен (Caen) (117.000 жит.) | Бају (Bayeux), Лизју (Lisieux), Вир (Vire) |
Манш (Manche) | 50 | 5.938 km2 | 481.471 жит. | 81 жит./km2 | Сан Ло (Saint-Lô) | Авранш (Avranches), Кутанс (Coutances), Шербур (Cherbourg) |
Орн (Orne) | 61 | 6.103 km2 | 292.337 жит. | 47 жит./km2 | Алансон (Alençon) | Аржантан (Argentan), Мортанј-о-Перш (Mortagne-au-Perche) |
Долна Нормандија брои вкупно 1.812 општини.
Карта на градовите во Регионот [fr]: кликлете тука за да ја зголемите сликата
Меѓуопштинска соработка:
Долна Нормандија е на прво место што се однесува до меѓуопштинската соработка која денес ја покрива речиси цела карта на регионот. Долна Нормандија брои 125 заедница на општини, 2 заедница со урбани општини (онаа на Шербур со 88.588 жители и онаа на Аленсон со 52.555 жители) како и 2 алгомерации (Каен-ла-мер: 217.805 жители и Флер: 28.485 жители) кои покриваат 97% од населението во регионот.
Ситуирана на северо-запад во Франција, Нормандија е една француска провинција од „Стариот Режим“.
Формиран во Xти век, овој регион му го должи името на едно племе Викинзи, Норманите („луѓето од Север“) кои таму се населиле. Со мали промени во текот на вековите, границите на поранештното кнежевство Нормандија сè уште се наоѓа на двата административни региони што беа создадени во 1972 година: на исто, Долна Нормандија составена од двата департмани Уре и Сен Маритим и со главен град Руен, и на запад, Долна Нормандија, што се простира на департманите Калвадос, Манш и Орне и Каен како главен град.
За детална историја на Долна Нормандија: страна Историја на Регионалниот Совет [fr].
Во Франција, од 1986 регионалните советници се избирани на непосредни избори секои 6 години. Тие можат да имаат повеќе мандати и се избрани по департмани. Самите советници го избираат Претседателот на Регионалниот совет кој пак од 1982 година ја има извршната власт.
Регионален совет на Долна Нормандија (2004-2010):
Претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија е Лоран Бове (Laurent Beauvais) (Социјалистичка партија). Тој на 3ти април 2008 година го наследи Филип Дирон (Philippe Duron) Социјалистичка партија) (2004-2008) кој стана градоначалник на Каен.
Регионалните советници се распределени на следниот начин:
Социјалистичка партија (СП): 15 советници
Центар-десницаt: 14 советници
Национален фронт: советници
Комунистичка партија (КП): 4 советници
Зелените: 4 советници
Левичарска радикална партија: 3 советници
Регионот Долна Нормандија дејствува во следните домени:
Дела:
Michel de Boüard, Histoire de la Normandie, Privat, Toulouse, 2001.
Pascal Buléon, Atlas de la Basse-Normandie, Autrement, Paris, 2006.
Guide Michelin, Normandie Cotentin Îles Anglo-Normandes, јанауари 2006.
Интернет страни:
Интернет страна на Регионалниот совет на Долна Нормандија [fr]
Збирка на карти од Долна Нормандија (en pdf) [fr]
Регионален портал на INSEE (Национален иститут за статистика и економски студии) [fr]