Прва Светска војна и Источниот фронт
Македонија беше една од главните сцени на Источниот фронт, кој под водство на генералот Франше Деспереј (Franchet d’Espèrey), им овозможи на обединетите трупи, главно српски и француски, да се изборат за победа од Солун до Белград во 1917-1918.
Се работи за една главна епизода на Првата Светска војна, која денес е навистина заборавена во Западна Европа.
Македонија беше гроб на десетици илјади српски, француски војници или војници од колонијалните трупи. Триста илјади француски војници на Источната армија се бореа на македонско тло и седумдесет илјади од нив не ја видоа повторно Франција.
Многу важни француски воени гробишта се театарот на редовни комеморации во Скопје и во Битола. Бидејќи претражувањата никогаш не завршиле, голем број војници останале без погреб на македонските планини. Понекогаш местата каде што тие лежат се познати, но тешко проодливиот терен спречил какво било продлабочено истражување.
cf. Во Франција, Националното Здружение за спомен на Дарданелите и Источниот фронт, чија цел е да го одржува и да го промовира споменот на трите мисии од Првата Светска војна, историски поврзани меѓусебно: Дарданели (1915), Исток (балканска кампања 1915-1918), Левант (1917-1918).
Контакт: dardanelles-orient@wanadoo.fr
Симнете го текстот во која е опишана Македонската кампања на Источниот фронт [fr]:
Учество на француски државници при изработката на македонскиот Устав
Француски државници како Робер Бадентер (Robert Badinter), Ален Лероа (Alain Leroy) и Франсоа Леотар (François Léotard) учествуваа во изработката на македонскиот Устав и воспоставување македонски политички дијалог.
Во текот на југословенските конфликти, Робер Бадентер претседаваше со Комисијата за арбитража за мир во Југославија (најчесто нарекувана Бадентерова комисија), создадена 27 август 1991 година од Европската заедница. Со 4 други претседавачи од уставните европски судови, Бадентеровата комисија даде отчет од ноември 1991 до јануари 1993 на петнаесет одлуки за судски проблеми кои доведоа до сецесија на повеќе републики од поранешна Југославија. Овие судски одлуки овозможија да се прецизираат некои точки како постоењето и признавањето на државите, правилата на сукцесија и почитување на меѓународните договори од овие држави и дефинирањето на границите.
Културните односи на Франција со Македонија, франкофилска и најфранкофонска земја од поранешните конститутивни Републики на поранешна Југославија, се доста стари. Франкофонијата во овој регион потекнува од 19 век, период на отоманска окупација за време на која Франција претставуваше симбол на слобода и Просветителство. Во насока на ова наследство во септември 1999, Македонија стана придружен член на Меѓународната организација на Франкофонијата.
Оваа соработка беше формализирана со Договор за културна, образовна и техничка билатерална соработка [fr], потпишан во Париз на 29 јануари 1998.
Меѓупарламентарните односи меѓу Франција и Македонија се развија главно преку пријателските групи во рамките на француските институции:
Група на француско-македонско пријателство во Националното собрание [fr]
Претседател : г. Филип Дирон (Philippe Duron)
Меѓупарламентарна група на пријателство на Сенатот на Франција и Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија) [fr]
Претседател на групата Франција-Западен Балкан: г. Робер Бадентер (Robert Badinter)
Делегиран претседател на групата «Република Македонија» (Robert Badinter)