Пронајдете ги новостите од активностите во рамките на соработката Долна Нормандија Македонија.
На 23 февруари годинава, Градоначалникот Горан Петров во функција на претседател на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, оствари средба со делегација на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, како дел од Оската 3 „Попис на културно наследство“ од проектот за децентрализирана соработка меѓу францускиот регион Долна Нормандија и Македонија.
Работна средба помеѓу Националната асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори и Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство со цел реализирање на првата фаза од соработката во областа на инвентаризација на културно наследство.
„Оска 6 - Земјоделство“ од Проектот за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија
Градоначалникот на Ерманвил (Hermanville-sur-mer), Долна Нормандија, г-динот Жак Леланде и градоначалникот на општина Вевчани, г-динот Перо Илиевски, ги потпишаа конвенциите за соработка
По повод отпочнувањето на втората етапа од соработката, тројца од вклучените актери даваат свое лично видување за сработеното и за она што допрва ќе се остварува. Соработката само што го прослави третиот роденден. Некој би рекол, само трет? Но на оние кои влегоа во оваа авантура, особено од македонската страна, изминатите километри им донесоа богато искуство. И оние кои се дел од проектов од неодамна и оние кои се вклучени од самиот почеток гледаат на соработката со радост. Гордо стојат зад сработеното и гледаат нанапред.
На 29.09.2010 во Клубот на новинари, Скопје, се одржа тркалезна маса/ работилница на тема „Примената на пишаните медиуми во високото образование“. Настанот беше организиран од страна на Гласникот во рамки на оската 3-Медиуми од проектот за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
Срѓан Амет од ЦИРа најавува обнова на стари традиционални објекти во Новаци, Маврово - Ростуше и во Берово
За да заживее алтернативниот и меморијалниот туризам во руралната општина Новаци, започната е реализацијата на неколку проекти во битолскиот дел на Мариово, каде што има повеќе запуштени села со куќи од традиционалната автентична градба.
Претседателот на Републиката им објави војна на номадите и на Ромите. Тие, пак, одговараат со декларација за мир за да се избегне социјална катастрофа. Декларација донесена во очи на министерската средба во среда попладне.