петок 22 јуни 2012

Децентрализацијата во Франција

Политичко и административно организирање на Франција

Франција е Држава со демократски режим во парламентарна форма базиран врз поделбата на власта :
1. Извршната власт е поделена помеѓу Претседателот на Републиката и Премиерот и неговата влада.
2. Законодавната власт е претставена со Парламентот составен од Националното собрание и Сенатот.
3. Судската власт е обезбедена преку правосудството, кое е независно од другите две власти.

Локално административно организирање

Локално адмнистративнато организирање на Франција се карактеризира со подредување на административните нивоа и големиот број на локалните заедници претставени преку : општина, департман и регион.
На овие три нивоа се додаваат структурите на меѓуопштинската соработка.
Локалните заедници се автономни во финансиски и правен поглед и нема хиерархија помеѓу нив.<

Општина:
Најмалите адманистративни делови но, исто така и најстарите, зашто се настанати од градовите и парохиите од Средниот век, се воспосавени во 1789година пред да се знае за почетокот на автономноста на законот од 5ти април 1884 година, вистинската општинска директива.
Општината е управувана од страна на општинскиот совет, избран на директни општи избори на секои 6 години.
Еднаш избраните општински советници избираат градоначалник меѓу нив.
Тој претставува извршна власт на општината, кој го претставува, а со тоа и го управува буџетот. Тој е работодавец на општинските службеници и се справува со следниве одговорности:
- училишта ;
- урбанизам ;
- социјални активности ;
- патишта ;
- училишен транспорт ;
- собирање на отпадоците ;
- чистење. Тој е исто така државен службеник за функционирањето на граѓаните, јавниот ред, организирањето на избори и испраќање на уредувачки документи.
Денес, можат да се избројат 36.778 општини (од кои 162 се во департманите и прекуморските територии)

Департман:
Креација на Револуцијата, департманот станува автономна локална заедница, со заседавачко собрание и извршен одбор, од законот од 10 август 1871.
Управуван е од Совет избран за 6 години на општи избри, кој избира свој претседател, извршна власт за департманот, кој подготвува и извршува наредби од советот, раководи со буџетот и управува со службениците.
Департманот има повеќе одговорности:
- социјална грижа
- конструкција и одржување на колеџите
- руралните средини
- организирање на училишен транспорт... Има 100 департмани (од кои 4 прекуморски).

Регион:
Најпознатата структура кај француската локална администрација, регионот стана територијална заедница како продолжение на законите за децентрализација, од 16 март 1986 година, датум на првите избори на локалните советници избрани за 6 години на општи избори; нивното постоење е поставено со државната ревизија од 28 март 2003.
Регионалните советници бираат претседател од регионалниот совет кој управува со буџетот, управува со службениците и ја води политиката на регионот поставена врз економската ситуација, уредување на територијата и професионалната обука.
Во Франција има 26 региони кадешто 4 се прекуморски.

Корисни линкови

- Најдете на Vie publique.fr документот «Децентрализација (1982-2004)»
- Страната Управување на локалните заедници на Министерството за внатрешни работи

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA