петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Естетика во ангажманот

Естетика во ангажманот

11 јуни 2009 - Скопје (Македонија)
Националната галерија на Македонија Локомотива

Македонскиот центар за фотографија во соработка со
Националната галерија на Македонија и Локомотива - центарот за нови иницијативи во уметноста и културата

Ве покануваат на предавање

Естетика во ангажманот

Предавањето ќе го одржи францускиот фотограф Емануел Лис, кој ќе се осврне на неговите досегашни проекти во областа на документарната фотогафија.

Емануел Лис престојува во Македонија во рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија

11 Јуни 2009 година (четврток),
Мултимедијален центар Мала станица

20:00 часот


Емануел Лис е млад фотограф од Франција, кој започнува да се занимава со фотографија во 1994 година. Своето прво професионално искуство во фотографијата го стекнува за време на неговите студии по географија, кога работи како фотограф во францускиот весникот La Pressе de la Manche.
Во 2007 година ја реализира својата прва самостојна изложба “Луѓето од Урок“ во музејот Cote-Nord во Сетил, Канада. Фотографиите од изложбата се направени за време на неговиот двогодишен престој на архипелагот Бижаго, во Гвинеја Бисау.
Во 2008, во Франција тој ја реализира изложбата “Паѓачи на снег“ која се состои од фотографии направени за време на неговиот престој во градот Квебек во Канада.
Комбинирајќи го естетичкиот со документраристичкиот израз во своите фотографии, Емануел Лис нуди алтернативни слики и рефлексии на светот кој, вообичаено, го запознаваме преку средствата за масовна комуникација.


Македонски центар за фотографија
Железничка бр.18, Мала станица
МК-1000 Скопје
Тел.: 071 309 994
makcentarfoto@gmail.com
centarzafotografija@gmail.com

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA