петок 22 јуни 2012

Студиско патување во Р.Франција

25 март 2010 - долна нормандија
Savoir Faire et Découverte / CIRa

Центарот за Институционален развој - ЦИРа во соработка со Savoir Faire et Découverte во период од 22-25.02.2010 година оганизираше студиско патување во Република Франција. Студиското патување беше првата активност во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Basse-Normandie Région Council од Франција за 2010 година.

Целта на студиското патување беше да се разменат искуства, информации и да се воспостави соработка со соодветни региони, институции, организации и регионалн паркови во доменот на алтернативниот туризам, односно селскиот, планинскиот и мемориален туризам.

Учесници на студиското патување беа:

1. Градоначалник на Општина Берово, Г. Драги Нанџински
2. Градоначалник на Општина Маврово-Ростуше, Г. Мукрем Мехмети
3. Директор на ЈУ Национален Парк Маврово, Г. Онер Јакуповски
4. Раководител на сектор, Координатор за Алтернативен туризам, Г. Стевче Ангелевски
5. Срџан Амет, Координатор на проектот, ЦИРа

Во рамките на својата агенда (види прилог), како резултати од студиската посета од особена важност за понатамошен развој на соработка се:

* Воспоставена соработка за спроведување на заеднички активности помеѓу Општина Берово, Македонија и Регион Ливаро, Франција, во доменот на алтернативен туризам и размена на прехрабрени продукти (сирење), добиени на стар и традиционален начин

* Претставување на вклучените македонски општни на Советот на региното на Долна Нормадија и преставување на нивните потреби во рамките на проектот, со цел развивање на одржлив алтернативен туризам

* Размена на контакти и воспоставување на основа за соработка помеѓу Општина Новаци и Асоцијацијата Нормандија Споменици во доменот на меморијалниот туризам

* Посета на градот на истоварување на америкаските трупи во текот на Втората Светка Војна.

* Посета на меморијалниот музеј од Втората Светска војна и стекнување на иформации и размена на искуства во доменот на развивање на ваквиот туризам со Директорот на музејот.

* Посета на регинот на Лумузин, град Фелентин. Прием во општината, посета на фабрика за производство на конец од природна волна, посета на бачило и размена на искуства во поглед на успешен развиен систем за одгледување на добиток во полза на развивање на алтернативниот туриза, посета на фабрика за изработка на подни и ѕидни таписерии

* Состанок со Федерација на регионални паркови на Франција, воспоставување на основа за понатамошна соработка помеѓу Федерацијата и Национлниот парк Маврово

Македонската делегација на сите средби беше примена од страна на високи преставници од споменатите институции и региони.

Студиското патување е позитнивно оценето од страна на учесниците како одлична можност за промоција на своите општини и институции, своите активности и досегашни резултати, како и одлична можност за стекнувања нови искуства и размена на информции во поглед на развивање на алтернативен туризам.

Како резултат на студиското патување, во рамките на идните активности предвидено е изработка на понуда за алтернативен туризам, на општините-учесници.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA