петок 22 јуни 2012

Јавно истражување во Регионалниот национален парк Перш

Регионален Совет на Долна Нормандија - 24 декември 2008

Јавно истражување воРегионалниот национален парк Перш, од 8 јануари до 8 февруари : зборот го имаат граѓаните.

Коминике за печат од 24 декември 2007

Регионалните национални паркови покриваат кревка рурална територија чии пејзажи, природни средини како и културното наследство се од големо богатство. Нивната главна мисија е да ги зачуваат, да придонесат во уредувањето на територијата и да промовираат привлекување на јавноста. Нивниот проект е конкретизиран со еден договор од 12 години, наречен повелба, во кој се наведени активностите и целите на Паркот.

Регионалниот национален парк Перш е еден од трите Регионални национални паркови кои се присутни на територијата на Долна Нормандија. Покрива 182.000 хектари, и се наоѓа во близина на градовите Аленсон, Л Ман и Шартр. Се карактеризира по разновидноста на природната средина и претставува значајно културно наследство.

Класификацијата како Регионален национален парк на Перш му истекува во јануари 2010 година. Веќе неколку години, Паркот подлежи на ревизија за својата повелба, со цел да се обнови неговата класификација во Регионален национален парк од страна на Државата. Процедурата за ревизија на повелбата е во надлежност на Регионите (Долна Нормандија и Центар за Регионалниот национален парк Перш). Во случајов, координацијата на овој потфат е обезбедена од страна на Регионот Долна Нормандија.

Пред да се донесе конечното одобрување и обновувањето на заштитниот знак на Паркот за период од 12 години, проектот за повелбата подлежи на јавно истражување. Жителите, сезонските престојувачи или случајните посетители може да ги запишат своите забелешки и идеи во регистрите поставени на нивно располагање во општините засегнати од истражувањето. Членовите на истражната комисија ќе бидат исто така на располагање да ја сослушаат јавноста за време на дежурните служби кои ќе се организираат за таа цел.

Ова јавно истражување ќе трае еден месец и ќе се случи меѓу 8 јануари и 8 февруари 2008 година. Местата, датумите, и работнот време на дежурните служби на истражните комисии ќе бидат прецизирани во локалните весници и на интернет страниците на Паркот и на Регионот : www.le-perche.org [fr] и www.region-basse-normandie.fr [fr].

- Контакт за печат : Емануел Тирили – тел : 02 31 06 98 85

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA