петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Долна Нормандија > Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка > Францускиот атлас на децентрализирана соработка, како и Берзата за проекти за децентрализирана соработка отсега Ви се достапни на веб-сајтот „Франс дипломаси“ (France Diplomatie)

Францускиот атлас на децентрализирана соработка, како и Берзата за проекти за децентрализирана соработка отсега Ви се достапни на веб-сајтот „Франс дипломаси“ (France Diplomatie)

Министерство за надворешни работи и европски прашања - 1 октомври 2009

Францускиот атлас на децентрализирана соработка, како и Берзата за проекти за децентрализирана соработка отсега Ви се достапни на веб-сајтот „Франс дипломаси“ (France Diplomatie). Долгоочекуваните алатки можете да ги најдете на новиот портал за децентрализирана соработка на „Франс дипломаси“ на www.diplomatie.gouv.fr/cncd.

Франција е единствената земја-членка на Европската унија која располага со вакви алатки на национално ниво.

1. Француски атлас на децентрализирана соработка

Францускиот атлас на децентрализирана соработка картографски ги забележува сите интернационални активности, спроведени од страна на француските регионални единици: децентрализирани соработки (вклучително и збратимувања на градови) и севкупни споредни или неконвенционални активности.
Досега се забележани:
4.762 француски регионални единици вклучени во интернационални активности
9.919 партнерски локални единици
140 земји
12.180 проекти за децентрализирана соработка
487 проекти во рамки на други надворешни активности
6.000 контакти (избрани лица, територијален кадар, контакти во дипломатски претставништва...)
2.200 „спуштени“ документи
12.500 проектни планови

Онлајн-верзијата на Атласов, од една страна, е сигурна алатка која ни овозможува подобро да се запознаеме со децентрализираната соработка. Од друга страна, пак, претставува расположлив инструмент за покохерентно и поефикасно остварување на надворешните активности на територијалните единици и јавните претпријатија кои се дел од соработката меѓу општините.

Преку Атласов, секој корисник има пристап до детални проектни планови и интерактивна мапа на проектите спроведени од страна на земја, француски регион, француски департман, понатаму мапа за секоја француска територијална единица и според тематиката на соработка. Благодарение на интерактивната мапа, корисникот може да „симне“ мапа во формат pdf за присуството на територијалните единици во нашата земја или пак, да ги разгледа директно на порталот.

Оваа алатка нуди и:

Бројни практични е-услуги: Редовно објавување на податоци (за територијални единици, префектури, амбасади, министерства и оператори) Составување персонализирани албуми преку селектирање мапи од нашиот Атлас на децентрализирана соработка кои Вие сакате да ги зачувате и кои може да ги вметнете во Вашиот личен профил за време на Вашите пребарувања. Доколку Ве интересира некоја мапа, само кликнете на „Зачувај ја оваа мапа во мојот личен профил“. На овој начин мапите ќе Ви бидат достапни во кое било време. Зачувување во формат pdf на одредени податоци од Атласот на децентрализирана соработка преку нашата алатка за пребарување. Откако ќе кликнете на „Напредно пребарување“, кликнете и на „Зачувај ги резултатите во формат pdf“. Така можете да ги зачувате саканите резултати и да ги консултирате кога ќе посакате. А ќе можете и да ги препратите некому преку е-пошта.

Моќна алатка за пребарување: пребарувања со помош на клучни зборови пребарувања според одреден критериум (тематика, финансирање, земја, француски регион, град...) пребарувања со помош на вкрстени податоци (пример: децентрализирани соработки остварени во регионот Рона-Алпи во доменот на културното наследство на Индија, финансирани од Министерството за надворешни работи и европски прашања во 2009 година или од Француската агенција за развој) Картографско претставување на добиените резултати во Франција и земјата-партнер Можност за зачувување на резултатите во формат pdf

2. Берза – проекти за децентрализирана соработка

Берзата – проекти за децентрализирана соработка е место каде се регистрираат конкретните проекти спроведени од страна на локални единици на нашите партнерски земји, а кои се од интерес на француските територијални единици. Берзата е еден вид место за размена на информации кое има за цел да одговори на волјата да се развијат децентрализираните соработки во одредени земји каде француските територијални единици се малку или воопшто не се застапени. Таа може да им помогне на локалните единици низ Европа, како и на земјите во развој да си најдат француски партнер со кој ќе соработуваат за да го подобрат животниот стандард на своите граѓани.

Досега забележани се 106 конкретни проекти за соработка.

Секоја странска заедница и секој проект мора детално да бидат претставени во формулар на порталот (цели, опис, контакт, буџет, тематика...). Еднаш објавени на порталот, документите за проектите може многу потемелно да се разгледуваат. Контактите за секој проект Ви се достапни и во дипломатското претставништво и во странската територијална заедница.

Проектите се групирани според континент, земја и тематика. Интерактивната картографија постои за да полесно се локализираат странските територијални единици и нивните проекти.
Брошурите и флаерите Ви се достапни на следниве адреси: http://cncd.diplomatie.gouv.fr/fron... и http://cncd.diplomatie.gouv.fr/fron....

Контакт:
Жером ДУПЛАН
Одговорен за комуникација, заменик на Претставникот за надворешни работи на територијалните единици
Одговорен за децентрализираните соработки во Азија
Министерство за надворешни и европски прашања
Генерална дирекција за глобализација, развој и партнерства (ДГМ)
Делегација за надворешни работи на територијалните единици (ДАЕЦТ)
Адреса: 57 boulevard des Invalides 75351 PARIS
Телефон: 01.53.69.35.15
Факс: 01.53.69.34.46
Е-мејл адреса: jerome.duplan@diplomatie.gouv.fr

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA