5 март 2010 - долна нормандија
Maison d’Europe de Caen
Во периодот од 8 до 12 март 2010 година, Долна Нормандија угости една македонска делегација, дојдена по повод „Студиската посета за професионално насочување на младите“. Делегацијата беше составена од директорот на Коалицијата на младинските организации „СЕГА“ (одговорна за оската „Млади, образование и граѓанство“ заедно со Куќата на Европа од Каен, Долна Нормандија), Советникот за млади од Агенцијата за млади и спорт (државен претставник) и од тројца млади советници од општините Аеродром (Скопје), Прилеп и Штип.
Програмата вклучуваше средби со организациски и територијални структури во околината на Каен, кои работат на полето на алатки и предуслови, неопходни за професионалното насочување: информирање, насочување, придружување, обука и вработување. Предвидени беа и средби со Службата за територијални активности наменета за заинтересираните за работа во регионот Долна Нормандија, понатаму со Регионалната дирекција за млади, спорт и социјална кохезија (ДРЈСЦС), како и со Францускиот центар за странци (ЦЕФЕ) на Универзитетот во Каен, Долна Нормандија.
Македонската делегација учествуваше и во отворената средба за активното граѓанство во Европа. Предложена од Куќата на Европа и Алда, оваа средба се одржа на 9 март во соработка со Одборот за збратимување од Демувил.