3 јули 2009 - Француска Амбасада во Скопје
Француска Амбасада во Скопје / Децентралиэирана соработка Долна Нормандија Македонија
Претседателот на регионот Долна Нормандија, Г. Лоран Бове, ќе го посети Скопје на 7 и 8 јули 2009 во рамките на децентрализирана соработка кој ги поврзува Македонија и Долна Нормандија.
Ambassade de France à Skopje
СООПШТЕНИ ЗА ПЕЧАТ
Претседателот на регионот Долна Нормандија, Г. Лоран Бове, ќе го посети Скопје на 7 и 8 јули 2009 во рамките на децентрализирана соработка кој ги поврзува Македонија и Долна Нормандија.
Соработката Македонија/Долна Нормандија, која мобилизираше 700.000 € во периодот 2007/2009 со учество на француското Министерство за надворешни работи, поддржува 30-тина франко-македонски партнерства во полето на младите, образование, европско граѓанство, информации и медиуми, култура, наследство и одржлив туризам.
Таа се потпира на заложбите на територијалните единици, јавни институции, образовни институци и здруженија кои во двете земји сакаат да придонесат за локален развој и размена меѓу двете земји.
Учеството на локалните избраници во целокупните акции на соработка се илустрираше во последно време со престојот во Долна Нормандија од 22 до 26 јуни на градоначалниците на Охрид, Ресен, Струга, Вевчани, Дебар, Тетово и претседателката на општинскиот совет на Берово.
За време на својата посета на Скопје, претседателот Бове ќе се сретне со:
Министерот за локална самоуправа, Г. Џафери за да се разгледа еден општ договор кој би дал институционална рамка и основа за целокупните активности и партнерства,
Претседателот на ЗЕЛС, Г. Трајановски за да отворат поле на размена и да ги здружат напорите и експертизите,
Заменик министерот за култура, Г. Недељковиќ, за да го подготват пролетниот балкански фестивал кој ќе биде посветен на Македонија во 2010 и 10 години од програмата за валоризација на наследството кое се однесува на старите чаршии на градовите Скопје, Битола и Велес,
Претставниците на европската делегација, за да осигура подобра иновативна соработка за европска интеграција на земјата.
Работната средба на 7 јули меѓу Министерот Џафери и претседателот Бове ќе се однесува на досегашните резултати од програмата за децентрализирана соработка, новите перспективи на работа за локланта управа и модалитетите на соработка со Здружението на агенциите на локална демократија (АЛДА) која го прави административното и финансиско менаџирање на програмата. Договорот за соработка, кој е во фаза на разгледување, можно е да биде потпишан во есен 2009.
Работната средба на 8 јули меѓу претседателот на ЗЕЛС, Г. Трајановски и и претседателот Бове ќе ги вклучи и градоначалниците на Охрид, Ресен, Струга, Вевчани, Дебар, Берово, Тетово и претседателката на општинскиот совет на Аеродром кои беа на организиран престој во Каен – главен град на Долна Нормандија – од 22 до 26 јуни како и Здружението на агенциите на локална демократија (АЛДА) која го прави административното и финансиско менаџирање на програмата. Целта на оваа средба е да се отвори соработка меѓу ЗЕЛС и Долна Нормандија и да се стави заложбата на францускиот регион во служба на влоговите на демократијата и локалниот развој а тоа се општините.