петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Новости од соработката > Младите од Долна Нормандија се вклучија во промовирањето на македонското културно наследство

Младите од Долна Нормандија се вклучија во промовирањето на македонското културно наследство

28 август 2008 - Savoir Faire et Découverte (Вештини и откритија)

Во рамките на проектот за соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, кон крајот на јуни 2008 година, во областа Мариово, Savoir Faire et Découverte организираше обука насловена како «Попишување на културното наследство».


Во последната четвртина од XX век, селото Старавина, кое се наоѓа на 40 километри од Битола (од кои последните 12 километри се падина), претрпе масовно опустошување. Оскудните услови за живот и недоволниот економски развој ги натераа жителите и нивните потомци да заминат во големите градови од земјата или во странство. Училиштето, еден впечатлив објект што се уште стои, било затворено во 1986 година и од 850 жители колку што броеше ова село не многу одамна, годинава останаа само 13 жители.

Овие лица во поодминати години, кои секоја недела ги посетува лекар, се единствените што сега го држат ова место во живот. За изолираноста на ова место надоместува околната природа која е зачувана благодарение на соодветните начини на обработка, традиционалната складна градба, како и некои зачувани рурални вештини.

Денес, спојот од неколку елементи може да помогне во заживувањето на оваа рурална зона во следните години. Од една страна, економскиот развој може да се поттикне со еко-туризмот (реставрација на градби, сместување во колиби и кај жителите, одржување семинари за знаења и вештини поврзани со природата, планинарење во природа...), од друга страна, индустриските проекти (капацитети за преработка на отпад од домаќинствата, хидро-електрична централа) можат да го поттикнат младото активно население да се насели во овој предел.

Специфичната состојба на ова село може да поттикне оригинални иницијативи од смисла на енергетско самоуправување и зачувување на ресурсите кои може да го направат пример на еко-село што ќе ја подигне свеста на другите рурални заедници. Едно е сигурно, почитувањето на еколошките, социјалните и економските критериуми за долготраен развој треба да претставува рамка за дејствување на сите идни иницијативи ако сакаме да ја зачуваме единствената душа на ова место

Жан Пол Дарде, Претседател на „ Savoir Faire et Découverte “


Попишувањето на културното наследство како начин на мобилизирање на локалното население

На дебатата што се организираше на 29 јуни присуствуваа повеќе од стотина учесници. Селаните, се разбира, но исто така и голем број жители од соседниот град (Битола), пратеници, индустријалци итн. дојдоа да ги чујат младите и да дебатираат со нив за иднината на нивното место. Ваквите активности се особено полезни затоа што помогнаа да се мобилизира локалното население и притоа да се подигне свеста за вредноста на неговото наследство, како и да се вклучат пратениците во проектите за одржлив развој.


Интервју со Шарлот, 25 години, Долна Нормандија, учесник во овој попис

„Savoir Faire et Découverte“ (SFD) : Што те мотивираше да се вклучиш во оваа акција ?
Шарлот Оден (Ш.О) : Во 2007, во рамките на еден европски проект www.cestcommentlabas.eu наменет да ги доближи старите и новите членки на Европа, имав прилика да ја запознаам Македонија каде што правевме екипна репортажа на лице место во текот на 10 дена.
Овој проект од 2008 година за попишување на културното наследство е можност да се продолжи соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија, да се вратиме на лице место, да подучиме за француските методи на попишување и да ги согледаме знаењата на македонски студенти за архитектурата, како и да се информираме за богатството за одредени територии.

SFD : Што Ви остави најсилен впечаток ?
Ш.О : Секогаш сме топло примени во овој регион од Македонија. Неверојатната селска околина (пејзажот, чистиот воздух, традиционалните куќи) како контраст на сиромаштијата на жителите: лете, ова село за туристите претставува вистински рајски предел, но животот на локалното население е отежнат од неудобноста, ниските пригоди и долготрајната зима.

SFD : Како им помогна Вашето присуство на жителите ?
Ш.O : Нашето присуство е доказ дека проектите може да се остварат. Македонците често се скептични кога е во прашање реализирањето на програмите. Штом не видоа како го преплавивме Маврово таа недела, почнаа повеќе да веруваат во идните проекти.


Слики од обуката: http://web.mac.com/arnaudtrolle/iWe...

Координатор на проектот :
Арно Троле, директор на „Savoir Faire et Découverte“
Тел: +33 6 08 69 95 94 или +33 2 33 66 74 67
Е-маил : arnaud.trolle@lesavoirfaire.fr

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA