петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Десет години на француско-македонска соработка

Десет години на француско-македонска соработка

>>  OД 1 јуни 2009 Дo 12 јуни 2009 - Скопје, Битола, Велес (Македонија)
Француски Центар за соработка во Скопје / Француско Национално здружение на културно-историски градови и земји и градови чии делови се ставени под заштита (ANVPAH-VSS)

Денови организирани од страна на Францускиот Центар за соработка во Скопје француското Националното здружение на културно-историски градови и земји и градови чии делови се ставени под заштита (Association nationale des Villes et Pays d’Art et d’Histoire et des Villes à secteurs sauvegardés et protégés - ANVPAH-VSS).

Во партнерство со:
- Градовите на Скопје, Битола и Велес
- Фестивалот Баскерфест
- Асоцијацијата Via Patrimoine
- Здружение на градови под заштита на Република Македонија

Со поддршката на:
- министерството за Култура на Македонија
- француското министерство за Култура и Комуникација
- министерството за Надворешни работи и европски прашања

Француското Националното здружение на културно-историски градови и земји и градови чии делови се ставени под заштита и неговите партнери, оваа година слават 10 години широка соработка во делот на активностите за истакнување и вмрежување на македонското културно наследство. br> Од 1999 год., спроведените активности од страна на македонските и француските партнери имаа за цел да промовираат едно взаемно културно наследството преку поставување на една стратегија на заеднички активности, методи и алатки за подобро управување на истакнувањето на античките центри.
Целта беше да се даде придонес кон зајакнување на локалната самоуправа во градското управување, како и кон компетенциите на техничарите/мајсторите од заедниците и институциите.

Прегледајте ја комплетната програма тука [fr]:

PDF - 1.2 Mo

Понеделник 01 јуни
Скопје
Место : Музеј на Македонија

10h00 : Конференција
Отварање : г. Коце ТРАЈАНОВСКИ, градоначалник на Скопје (треба да се потврди)
Претставување од страна на :
- г. Горан ПЕТРОВ - претседател на Здружението на градови под заштита на Република Македонија
- г. Жан РУЖЕР (M. Jean ROUGER), заменик претседател на ANVPAH -VSS, градоначалник на Сент (Saintes)
- Презентација: Активности на мрежата во Франција и во Европа од страна на г-ѓа Марилиз ОРТИЗ (Mme Marylise ORTIZ)
10h30 : Презентација: Инвентар на Скопската Чаршија
- г. Константин ДИМИТРОВСКИ
11h00 : Презентација: Проект Инвентар на Битолската Чаршија
- г. Зоран НИКОЛОВСКИ, архитект, Директор на битолскиот Завод
11h30 : Метод на работа : како да се користи таква алатка во Заедниците ?
- Улогата на техничарите/мајсторите во општините
- Како да се распространат искуствата во мрежата на градови од македонско културно наследство
- Акциски план - дебата
- Создавање на Комисија за управување со културното наследство (избраници и техничари/мајстори на локално и национално ниво)
12h30 : Заклучоци
13h00 : 10 години француско-македонска соработка
Презентација на 10 години француско-македонска соработка:

- г-ѓа Елизабета КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА, Министер за култура на Република Македонија (треба да се потврди)
- н.е.г. Бернар Валеро (S.E. M. Bernard VALERO), Амбасадор на Република Франција
- г. Жан РУЖЕР (M. Jean ROUGER), заменик претседател на ANVPAH -VSS (француското Националното здружение на културно-историски градови и земји и градови чии делови се ставени под заштита) – Република Франција
13h30 : циркуска претстава и шведска маса, анимирана од страна на поканетите уметници од Фестивалот « Баскерфест »
19h00 : Презентација на делото : « Отоманските чаршии во Балканот »
Координирана од страна на Марилиз ОРТИЗ (Marylise ORTIZ), Лоран ГЕСЛИН (Laurent GESLIN) и Жан-Арно ДЕРЕНС (Jean-Arnault DERENS), Одговорен уредник на « Courrier des Balkans», ко-издавач. Вечер анимирана од страна на Александар КОЛОВСКИ армоничар
Место : Галерија Чифте амам

Вторник 02 јуни
Битола
Место : Галерија Магаза

19h00 : Презентација на делото : « Отоманските чаршии во Балканот »
Координирана од страна на Марилиз ОРТИЗ (Marylise ORTIZ) Лоран ГЕСЛАН (Laurent GESLIN) и Жан-Арно ДЕРЕНС (Jean-Arnault DERENS), Одговорен уредник на « Courrier des Balkans», ко-издавач
Изложба на инвентарот на стариот град Скопје

Среда 10 јуни
Скопје

20h00 : Претстава со музика и пеење од страна на Компанијата од Манивел (la Compagnie de la Manivelle) : во рамките на фестивалот Самерленд во Македонија. Мултилингвална програма (француски, алзаски, германски, јидиш, српски, италијански, англиски… од текстови кои произлегуваат од народната литература или обичаи), тоа е изразување на нивната ситуација во срцето на Европа, тоа е празнично и стимулирачки, изразување на оралните традиции пренесени преку песна или збор, од поетиката и музиката без граници.
Место : Музеј на Град Скопје

Петок 12 јуни
Велес

20h00 : Претстава со музика и пеење од страна на Компанијата од Манивел (la Compagnie de la Manivelle) : во рамките на фестивалот Самерленд во Македонија. Мултилингвална програма (француски, алзаски, германски, јидиш, српски, италијански, англиски… од текстови кои произлегуваат од народната литература или обичаи), тоа е изразување на нивната ситуација во срцето на Европа, тоа е празнично и стимулирачки, изразување на оралните традиции пренесени преку песна или збор, од поетиката и музиката без граници.
Место : ?
Посета со водичи од Скопје и од Битола

*Оваа пред програма подлежи на измени

Им благодариме на сите партнери со кои соработуваме во овие 10 години...

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA