12h во Холидеј Ин, Скопје
Во чест на доаѓањето на француските градоначалници во Македонија се организира средба-дебата во врска со прашањето за европското граѓанство и збратимување на градовите. Целта на оваа тркалезна маса е да се пренесат добрите искуства од градовите кои се веќе збратимени со други градови од Европската Унија. Настанот ќе ја промовира програмата «Европа за граѓаните» како алатка која може да придонесе за подобра соработка помеѓу градовите.
За повеќе информации:
Коалиција на младински организации СЕГА
(www.sega.org.mk)