Аниматорите на долнонормандиските дигитални клубови организираа обука за своите колеги од Македонија во три градови во Долна Нормандија. Во рамките на оваа посета, беа вклучени културни размени и споделување знаења и искуства.
Во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, на 7 јули, 2009 г. во Скопје фондацијата Метаморфозис организираше тркалезна маса на која се разгледуваше прашањето «дали новите технологии го поттикнуваат активното граѓанско учество?».
Претседателот на регионот Долна Нормандија, Г. Лоран Бове, ќе го посети Скопје на 7 и 8 јули 2009 во рамките на децентрализирана соработка кој ги поврзува Македонија и Долна Нормандија.
На 28 Јануари 2009 година се одржа еднодевно информирање за програмата «Европа за граѓаните», организирана за претставниците на македонските општини и македонските НВО од страна на Асоцијацијта на агенциите за локална демократија (АЛДА). Оваа обука се одржа во склоп на проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.