петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Долна Нормандија > Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка > Интернационалниот институт за човекови права и мир ќе соработува со Република Македонија

Интернационалниот институт за човекови права и мир ќе соработува со Република Македонија

Caen (Basse-Normandie) - 21 септември 2010

Во својство на претседател на Интернационалниот институт за човекови права и мир, минатиот јули Алан Туре го покани г. Мемети, Омбудсманот на Република Македонија, да дојде во Каен и да се запознае со активностите на Институтот.

Господинот Мемети не` почести со позитивен одговор на поканата. Во периодот од 13 до 16 септември, кога се остварија прилично интензивни работни средби, се разменија многу идеи. Господинот Мемети беше лично примен од страна на заменик-градоначалникот на Каен Филип Дурон, инаку Претседател на пријателската група Франција-Поранешна југословенска Република Македониија во Националното собрание. Беше остварена и средба во Париз со г. Делевој, медијатор на француската република.

На крајот на посетата, Институтот е особено почестен што може да го објави склучувањето на договор за соработка, кој беше потпишан од двете страни.

Соработката која на овој начин ќе се воспостави помеѓу Омбудсманот на Република Македонија и Институтот, има за цел да понуди иновативни програми за обука на јавни службеници во Македонија, како и да организира активности за подигање на свеста околу човековите права во Македонија. Главните теми кои се инаку одредени со договорот, се превенција од насилство и лош третман, борба против дискриминација, заштита на правата на малцинствата и заштита на ранливи личности.

Првите резултати од соработката се очекуваат во текот на 2011 година.

Покрај ова, се предвидуваат и размени на млади луѓе заинтересирани за човековите права и прашања поврзани со мирот. Млади од Долна Нормандија набрзо ќе ја откријат Република Македонија и обратно!

Овој договор е резултат на се` подлабоките односи помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија.

Информации: http://www.2idhp.eu/

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA