петок 22 јуни 2012

Вештини и Откривање (Savoir Faire et Découverte)

Savoir-Faire et Découverte
La Caillère
61000 La Carneille
Франција
Тел: +33 820 820 186
+33 2 33 66 74 67
Е-меил: contact@lesavoirfaire.fr
Интернет страна: http://www.lesavoirfaire.fr/

Контакт:
Г-дин Арно Троле (Arnaud Trollé)
Главен координатор
Е-мeил : arnaud.trolle@lesavoirfaire.fr
Тел.: +33 6 08 69 95 94

Историја на здружението

Здружението е основано во 1999 по иницијатива на Арно Троле, во Орн, по повеќе изминати години во делот на обуките за претпријатиja.
Со повеќе од 150 часови на стажирање, денес е првата мрежа на професионалци во Франција, посветена да го пренесува знаењето во јавноста преку краткотрајни стажирања. Овие стажирања се одвиваат во повеќе региони во Франција, а поточно во Долна Нормандија, во Норд-Па де Кале (Nord-Pas-de-Calais), регионот Рон-Алпи (Rhône-Alpes), регионот Лангдок-Русијон (Languedoc-Roussillon)....

Цели и мисија на здружението

Цел на „Вештини и Oткривање“ (Savoir-Faire et Découverte) е да го промовира развојот на одржливиот туризам преку вреднување на квалитетните знаења, оригиналите, ретките нешта кадешто и пракса е да се почитува околината. За таа цел здружението предлага на јавноста да ги споделат занаетот, страста и животот на занаетчиите, земјоделците или уметниците во рамките на сатжирања или со професионалини здружувања.
Учењето се случува на местото на активноста на професионалецот. Секој учесник добива теоретска информација како и пракса. Тој врши размена на искуства со предавачот, со својот занает, својата околина.

Активности и/или програми на здружението

Стажирање за јавноста за откривања
Леб во фурна на дрва, реновирање на стари градби, користење на диви растенија, производство на био-сапун... и повеќе од 150 предлози во различни домени: еколошки куќи, декорирање, живот на село, здравје и добра форма.
Овие стажирања се одесуваат исто така и на почетници, а не само на луѓе-професионалци.
Овие стажирања им овозможуваат на учесниците, подобро да ги запознаат и разберат вештините, да откријат занает или некои дури за себе да створат и иднина.
Здружението Вештини и Oткривање нуди во тект на целата година, денови, викенди како и престојувања кај земјоделците, уметниците и занаетчиите (повеќе од 150) кои се наоѓаат во заштитените околини на Франција.
Учесниците во мали групи, остваруваат дела, произведуваат, создаваат... во работилница, на фарма, на местотото на активност на фармерот. Тие се во реални услви на извршување на занаетот, на откривањето. Тие произведуваат леб, био-сапун, бараат вода (извор на вода), градат фурни за леб..што вкупно изнесува повеќе од 140 активности кои се еколкошки одговорни, во повеќе региони на Франција.
Понекогаш претставува задоволство да се научи „направи сам“, сам или во семејство; средбата со луѓето кои имаат намера да ги споделат нивните страсти; начин да се откријат методи и техники кои ја почитуваат околината..и зошто да не и отворање на нов занает!
Целната група се состои од:
- Љубопитни од сите возрасти, заинтересирани од природата, селото, добрите производи, културното наследство, екологијата, квалитетниот живот....Бараат да поминат еден убав момент со фармер, за да научат „да направат сами“, за задоволство...
- Луѓе кои бараат нов квалитет на животот, кои посакуваат да се сместат на село, или имаат намера да направат проект со кој би ја промениле својата професија...и кои би можеле да испробаат селски занает во оригинален и пријателски контекст.
Каталогот кој што се дели бесплатно, и интернет страната (www.lesavoirfaire.fr) и овозможуваат на целната група да одбере и да резервира стажирање.

Поддршка за териториите кои сакаат да ги вреднат вештините на квалитет и еколошка одговорност
Здружението ги става на располагање териториите, своите вештини во занаетот, создавање мрежа и обуки за учесниците, преку мисии за инжинерство.
Исто така здружението се развива, пред се, во Нормандија (Normandie), во Нор-Па де Кале (Nord-Pas-de-Calais), Лангдок-Русијон (Languedoc-Roussillon), на пример, таму кадешто се развиени партнерствата со териториите.

Тим

- Лудивин Ситајеб (Ludivine Sitayeb) е одговорна за резервациите и за логистиката на сажот. Таа ја овозможува врската помеѓу учесниците и предавачите.
- Надја Надак (Nadia Nadak) ја има одговорноста за односи со медиумите, организација на приеми и за промоција на активностите на мрежата (уредување на интернет страната, подготовка и делење на каталози и флаери).
- Арно Троле (Arnaud Trollé), иницијатор на проектот, ги коордонира активностите, работи на нови проекти и е одговорен за проширување на мрежата.
Некои региони се предводени од регионален соработник. Тие се задолжени да ги следат односите со предавачите на стажот и за ширење на информации за нивната територија:
- Нор-Па де Кале: Патриција Хансeн (Patricia Hanssens)
- Лангдок Русијон: Надја Бондиа (Nadia Bondia)
- Нормандија: седиштето на здружението

Административен совет
- Жан Пол Дарде (Jean-Paul Dardé), одговорен за мисијата за туризам во Сент-Уен (Saint-Ouen) (93), како претседател.
Освен од претседател, административниот совет е составен од:
- Силви Ле Калвез (Sylvie Le Calvez), Директор на Вилаж Магазин (Village Magazine),
- Емануел Латуш (Emmanuelle Latouche), директорка на Куќата на природата и на околината во Лил и задолжена за Нор-Па де Кале
- Клер Колиа (Claire Colliat), од Вилаж Магазин (Village Magazine), задолжена за Кампањ-Арден (Champagne-Ardenne),
- Кристоф Мариани (Christophe Mariani), директор на Спорт Елит Жен (Sport Elite Jeune) и
- Жан Батист Гаже (Jean-Baptiste Gagez) занаетчија-произведувач на мебел.

Партнери/Донатори

Регионалните совети, меѓу кои Советот на Долна Нормандија.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA