петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Домени за соработка : > 3- Информирано општество и медиуми > Акција 3: Информирано општество и медиуми («Информацијата во служба на граѓанството и соработката»)

Акција 3: Информирано општество и медиуми
(«Информацијата во служба на граѓанството и соработката»)

Партнери

Координација:

ДН:
- Le Courrier des Balkans (Курие де Балкан, «Весник на Балканот»)

MK:
- Le Courrier de la Macédoine/Гласникот

Предвидени партнери (Не конечна листа која ќе се развие со траењето на проектот) :

Долна Нормандија и Франција :
- Регионален сервис задолжен за информирано општество
- Уест Франс (Ouest-France)
- здружение за професионална солидарност Уест Фратерните (Ouest-Fraternité)
- Групација Publihebdos
- Osservatorio sui Balcani (Триест, Италија)

МК :
- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (Скопје)
- Универзитет на Југоисточна Европа (Скопје)
- Македонски неделлни весници (Битолски Весник и Монитор)
- Балканска истражувачко-известувачка мрежа (BIRN) Македонија
- Македонски инсититут на медиуми (МИМ)
- Здружение на локални новинари на Македонија

Вовед

Целта на Активноста 3 «Информирано општество и медиуми» е да воспостави плодна соработка помеѓу енергијата на важна генерација на македонски медиумски актери и воспознавањето на новинарството во Долна Нормандија. Има уште два предизвика кои се уште треба да се развијат кај македонските новинари да се подобри глобалниот квалитет на постоечкиот слободен печат во земјаата, посебно во делот на локалниот печат во земјата како и во делот на печатот за локалното информирање, многу значајно за граѓаните и локалните власти во времето на децентрализацијата, со цел да се стават алатки за «извоз » на македонската информација во Европа. За локалниот печат во Долна Нормандија, отварањето кон земја која има намера да влези во Европската унија, е многу важна, за да створи зближување на јавното мислење на териториите од страна на оние кои се дел и кои треба да станат или се фаворизирани од процесот за европска интеграциа на Македонија.

Соработката којашто сака да воспостави алатки кои ќе ја пренесуваат македонската информација ќе овозможи пособро запознавање на земјата во странство и ќе ја отвори портата на идните партнер-организации, политички или екномски, посебно партнерите од Долна Нормандија. Ова е проект кој следи по програмата на Courrier des Balkans од 1998 за превод на печатот од Балканот, проект кој Гласникот „ Courrier de la Macédoine“ го засили со програмата за создавање на натписи на француски јазик. Активнста 3, исто така овозможува да се стави пред се соработката помеѓу Долна Нормандија и акедонија и да пронајде нови партнери помеѓу двете територии како и со други територии.

Оваа нормандиско-македонска соработка зема кохерентност и тоа дотолку поголема во времето кога европската интеграција на земјата станува посигурна и кога во прашање е само рокот. Прогресот на печатот и дифузирањето на информации кај овие земји играат голема улога во дефинирањето на рокот и во доброто одвивање на процесот на интеграцијата.
Оваа активност исто така оди во насоката на зацртаните цели за земјите од страна на Европската комисија во делот на процесот на европската интеграција: «промоција на слободата на изразување и медиуми». Исто така оваа активност оди во насоката на Договорот за културна како и едукативна, научна и техничка соработка помеѓу Владата на француската Република и македонската Влада (1998) во кој двете старни се обврзуваат да ги «олеснат размените во доменот на новинарството, особено во делот на професионалната обука».

Исто така, оваа француско-македонска средба се одвива според двате главни дела:

  1. професионална обука на локалните македонски медиуми,
  2. развивање на дел за нормандиско-македонски извори.

Акција 3.1 : «Доближување на локалната информација кон граѓаните»

Специфични цели:

Медиумите играат голема улога во животот на граѓаните, дозволувајќи им да се приближат кон предизвиците на општеството кои ги засегаат и да се вклучат во запознавањето на настаните во животот на нивните градови. Предизвикот за пренесување на квалитетна локална информација на граѓаните е особено важен како во Долна Нормандија, а посебно во руралните и изолирани средини, како и на македонска територија, со една перспектива да се спроведе децентрализацијата.

Така македонското информирање е сконцентрирано на Скопје, главниот град, а секојдневните национални весници информираат многу ретко за она што се работи во секојдневниот и социјалниот живот во локалните заедници. Информацјата е исто така маку изоставена и во постоечките локални весници. Всушност локалниот печат е речиси исчезнат: во комунистичка и Југословенска Република Македонија постоеле 29 изданија, изданија кои повеќе или помалку се издадени од локалните структури на партиите (колективитети, здруженија на граѓани, младински организации итн.). Овие неделни весници кои се субвенционирани од Државата не преживеја повеќе од неколку години по исчезнувањето на стариот режим како и од губењето на нивните субвенции во 1998 година како и по нивното целосно укинување во 2003 оттука лишувајќи половина милион луѓе од локалните вести. Оваа ситуација е особено за жалење во моментот кога земјата ја спроведува децентрализацијата.

Во поглед на македонската демогравска и социјална конфигурација, целта не е, во една земја, која што се соочува со невработеност, да обучува нови новинари кои ќе се соочат со сите потешкотии на светот да се вработат. Спротивно, напорот ќе биде сконцентриран врз новинарите кои се веќе вработени. Оттука обуката и советите на француските новинари во земјата ќе бидат со цел да го поддржат преживувањето и развојот на локалните медиуми.

Во тој домен, предвидената цел ќе биде:
- Да се поддржи правењето и дистрибуирањето на квалитетна информација во локалните весници, овозможувајќи присвојување на предизвиците, од страна на граѓаните, кои се поставуваат пред развојот на македонското општество, како и нивно фаворизирање во секојдневниот живот на општините.
- За да се одговори на недостатокот на пишаниот весник, земајќи го предвид и демократскиот дефицит, станува збор за тоа да се поддржи преживувањето и развојот на весниците за локални информации, во контекст кајшто потребата од ваква информација е изразито голема и каде овој вид на медиуми се наогаат во голема потешкотија од недостаток на адаптирани обуки на специфичните потреби на локалниот печат.
- Да се овозможи грижа за новинарство на информации и блискост и истражување во обуките за новинарство на различните органи на професионалните македонски обуки, поврзани со органите во Франција.
- Да се овозможи приближување на локалните медиуми од Долна Нормандија и Македонија, со цел да се овозможи отворена соработка помеѓу едните и другите и Европа.
- Да се овозможи развој на културата за дебата за демократските локлни прашања во доменот на децентрализацијата, локалната власт, младите, културата и медиумите, со учество на претставници од локалната власт.

Подобрување на квалитетот на локалнот печат кој меѓу другото се остварува преку продлабочени контакти на македонските новинари со културата и вештините на странските медиуми. Долна Нормандија има голема улога што треба да ја одигра пред локалниот македонски печат, поаѓајќи од своето искуство во обработката и дистрибуцијата на локалната и регионалната информација (Групацијата Ouest-France и неговата филијала Publihebdos). Соработката ќе овозможи да се воспостави една платформа на размена на информации.

Активности :

- Организирање на истражувачка посета на македонски новинари од локалните весници во Долна Нормандија, организирање на обуки во редакциите на соработниците во Долна Нормандија и развој на разментата на содржини.
- Организирање на три тркалезни маси годишно во врска со прашањата на локалната власт во доменот на Информациската и комуникациската технологија, млади, култура, медиуми, одржлив туризам, културно наследство итн..

Акција 3.2 : «Развивање на центар на нормандиско-македонски информации»

Специфични цели :

Меѓународната информација поминува низ различни медиумски врски: весници, телевизија, радио, Интернет. Последнава врска е во голем подем и овозможува пристап кон пошироката публика. Последново средство за пренос на информацијата која на која се однесува оваа секција, преку посебна интернет страна.

На оваа Интернет страна ќе се појават натписите кои ги обработуваат македонските реалности (политика, социјален живот, економија историја, култура,..). Една специфична страна ќе биде посветена на проектот за нормандиско-македонска соработка овозможувајќи вреднување и пренесување на искуства, како и изработка на мрежа на актерите на оваа соработка.

Информацијата за актуелностите за Македонија ќе биде пренесена на француски јазик и ќе биде наменета за франкофнска публика. Всушност францускиот свет добива многу малку информации за Балканот, а особено за оваа земја. Овие информации се општо третирани од странски дописници. Предложените натписи се на француски јазик предложени од Гласникот (Le Courrier de la Macédoine) потекнуваат директно од македонскиот печат или се напишани од македонски локални новинари за оваа организација. Меѓусебното непознавање помеѓу двете територии прави голема пречка помеѓу економските партнери. Предноста на пренесувањето инфорација за економијата ќе учествува во неопходното меѓусебно запознавање се со цел да се постават иницијативите во овој домен. Исто така се идентификува недостаток на вистинска информација на француски јазик за земјата : за туризам, култура, факти од општеството, идентиетот на земјата...

Информациите кои се однесуваат на проектот за соработката ќе бидат пренесени на француски но, и на англиски јазик како и на локалните јазици (македонски и албански), што ќе овозможи поврзување на актерите од соработката со македонските партнери, француските како меѓународен партнер, како и самите Македонци.

Ова ќе одговори на следниве цели:
- Да се овозможи воспоставување и развој на алатки за изнесување на македонската информација (политичка, социјална, економска, историска, културна..) наенат за фракофонска публика, а особено за француските економски актери, посебно за оние од Долна Нормандија
- Да се стави на располагање на франкофонската публика квалитетни информаци за земјата кои ќе одговараат на нејзините потреби и очекувања
- Да се засилат врските помеѓу новинарството и франкофонијата како и да се фаворизира соработката на медиумите од Долна Нормандија и Македонија, преку размена на информацијата и овозможување на планови за репортажи на двете територии
- Да им се стават на располагање на актерите од Долна Нормандија, Франција и Европа информации за нашето македонско партнерство како и соработката со оваа земја. Обратно да им се овозожи на Македонците пристап до информации како и пристап до мрежата на соработка и размена со Долна Нормандија, Франција и Европа Да се овозможи најдобро обострано запознавање помеѓу граѓните на овие две територии, далеку од стереотипите и непознавањата, во една перспектива на отварање кон Европа
- Да се овозможи итноста на новите македонско-нормандиски соработки, како и регионални и европски. Да се овозможат врските помеѓу локалните единици и воведување на економските нормандиски актери во земјата-партнер.

Активности:

- Преведување и пишување на натписи на француски за општеството и актуелноста на Македонија, дифузија на дво-месечен извештај до партнерите на проектот и претплатените на овој билтен.
- Обука на екипата од Гласникот (Courrier de la Macédoine) за самостојно управување на страната „Македонија“ од Курие де Балканс (Courrier des Balkans)
- Креирање, анимирање и развој на интернет страната за Децентрализираната соработка помеѓу Долна Норандија и Македонија

Очекуваниот ефект на крајот од проектот

- Подобрување на тоа како се третира локалната информација од страна на македонските медиуми
- Признавање на македонските професионални институции за нивно залагање за постојана обука на новинарите, и следење на работата за обука во земјата
- Копродукција помеѓу нормандиско-македонските новинари, реализација на репортажи на двете територии
- Најдобро запознавање на земјата и на економските можности за француските економски актери, посебно оние од Долна Нормандија
- Посета на економски актери од Долна Нормандија во земјата

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA