петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Обука: Пограмата «Европа за граѓаните»

Обука: Пограмата «Европа за граѓаните»

>>  OД 28 јануари 2009 Дo 29 јануари 2009 - Скопје и Битола (Македонија)
Проект за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија (БЈРМ)

На 28ми јануари 2009 година во Општина Центар, Скопје ќе се одржи еднодневна обука за европската програма «Европа за граѓаните». На настанот ќе бидат претставени целите и можностите на програмата «Европа за граѓаните» која ќе и биде достапна на Македонија од 2009 година. Обуката е наменета за општински советници, вработени во локалната администрација и граѓански здруженија.

Овој настан е организиран во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу францускиот регион Долна Нормандија и Република Македонија во соработка со Општина Центар, Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) и Француската амбасада во Македонија. Обуката е организирана од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија од Стразбург.

Во прилог ја објавуваме програма, поканата и пријавата за учество на семинарот.

PDF - 303.8 ko
Програмата «Европа за граѓаните»
Word - 518.5 ko
Апликација эа органиэација
Word - 512.5 ko
Апликација эа општина

Проект за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија (БЈРМ)
Ул. Женевска бб (во зградата на ЗЕЛС)
1000 Скопје, Македонија
тел: +389 2 306 59 32
Контакт лице: Ивана Димитровска



План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA