петок 22 јуни 2012

ИКТ и локална власт во Долна Нормандија

Широко појасен интернет, телемедицина, дигитализација, дигитални клубови... Толку многу термини што секојдневно се употребуваат во светот на информациските и комуникациските технологии – ИКТ. Во свет во кој сè повеќе се комуницира, употреба на ИКТ природно ги придружува општествените промени и ја зголемува атрактивноста на една територија а дури може и да ја промени.

Регионална политика за развој на ИКТ

Регионалната политика за развој на ИКТ опфаќа проекти кои се однесуваат на секторот за телекомуникации (инфраструктура и услуги), секторот за ИКТ во целост (нови услуги за претпријатија и граѓани), и употребата на ИКТ од сите страни.
Овие активности се засноваат на трите главни делови на интервенирање:
- Прв дел, фокусиран на суштинските компетенции на Регионот: VIKMAN, за вмрежување на учесниците во образованието, истражувањето, предавањето во средното и високото образование, дигитални средини за работа за учениците и студентите преку проекти од типот на ENT (Дигитална средина за работа) или дигитален кампус; во областа на транспортот ИКТ да го помогне менаџирањето на интермодалниот транспорт - TER (транспорт со повеќе различни транспортни средства) и модернизацијата на линијата Шербур - Каен - Париз, особено подобрување на услугите, како што е на пример создавањето на подвижен простор за работа преку мобилна интернет конекција и иновативни дигитални услуги.
- Втор дел, преземање иницијатива за активности со силен мотивирачки ефект: телездравство, изнаоѓање решенија за мобилност или подвижност при работењето, поддршка на проекти во економскиот кластер, како што се Безбедни електронски трансакции, Зони на дејствување за остварување дигитални повеќефункционални услуги...
- Трет дел, со кој Регионот се концентрира на социјалните иновации: поддршка на проекти од областа на уметностите и ИКТ, електронска администрација, работење на далечина, вмрежување на дигиталните клубови од целата територија...

EPNBN (Дигитални клубови од Долна Нормандија)

Оваа регионална политика се состои од воспоставување мрежа меѓу сите места за дигитален пристап со поддршка на културни, социјални и образовни иницијативи кои имаат цел:
- да информираат што е можно повеќе население за можните алатки и за употребата на интернет, мултимедија и дигиталните технологии;
- да обезбедат поволна рамка за обука за ИКТ, како и за целиот процес на образување па дури и ориентирање;
- да обезбедат мрежни услуги во областа на «електронската администрација»;
- да бидат места за собирање и размена на практики отворени за сите;
- да бидат ресурси за поддршка на креативни проекти од поединци или групи од областа на ИКТ (мултимедиска продукција, телекомуникациски услуги, работење и учење на далечина итн.).

Долна Нормандија располага со мрежа од 100 дигитални клубови распоредени на нејзината територија кои се јавни места за пристап на интернет наменети за граѓаните. Од 100 места, 85 се обележани како EPNBN од регионот Долна Нормандија. Можете да ја преземете картата на дигиталните клубови.
Дигиталните клубови во Долна Нормандија исто така служат како околни места за учење благодарение на Местата за пристап до образование на далечина (P@T) и развојот на пристап до јавни телеуслуги (услуги на далечина).

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA