На 17ти и 18ти септември 2009 година во Охрид ќе се одржи третиот по ред Управен одбор на проектот за децентрализирана соработка Долна Нормандија/Македонија. За време на овие два дена ќе се состанат сите носители на проекти од програмата за соработка со цел да се оценат активностите спроведени во 2рата година како и да се дискутираат перспективите за 3тата година од проектот.