петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Средба на средношколските претставници од Долна Нормандија и од Македонија: учеството во средношколскиот живот и местото на Европа во училиштата

Средба на средношколските претставници од Долна Нормандија и од Македонија: учеството во средношколскиот живот и местото на Европа во училиштата

>>  OД 26 април 2009 Дo 30 април 2009 - Долна Нормандија (Франција)
Проект за Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија

Европската куќа од Каен, Долна Нормандија и нејзиниот македонски партнер СЕГА, федерација на здруженија на млади, го доставуваат својот конкурс на организацијата за размени меѓу средношколците од Долна Нормандија и македонските институции, како пилот-проект од Акцијата 2 «Млади, образование, локлано и европско граѓанство».

На тој начин, Европската куќа од Каен потпиша конвенција со Ректоратот на Академијата во Каен во октомври 2008.

Регионот Долна Нормандија побара од двете организации да обезбедат непречено усогласување на различните проекти и акции, настрана од педагошките аспекти и да водат трансверзални проекти.

Во рамки на акцијата 2.2 од програмата на соработка: «Младите актери во нивниот животен пат: да се ориентираат во своето образование, својата струка, да бидат мобилни во Европа», Европската куќа и СЕГА подготвуваат средба на средношколски претставници од Долна Нормандија и од Македонија во врска со присутноста на Европа во институционалниот живот и со нејзиното место во училиштата.

Оваа средба ќе се одржи од 26 до 30 април 2009 во Долна Нормандија и, поточно, ќе се однесува на теми од училишниот живот и на изучување на цивилниот живот, на поединечниот и колективен придонес, на европското активно граѓанство.

PDF - 102.4 ko

Симнете ја програмата од 26 до 30 април [fr, en]

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA