петок 22 јуни 2012

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

2 април 2010 - Македонија
Цира

Во рамките на активностите за 2010 година, во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Basse-Normandie Region Council од Франција, предвидено е одржување на тракалезни маси на тема „Вреднување на кутурното наследство можност за економски развој и развој на туризмот“ организирани од Центарот за Институционален Развој- ЦИРа и Savoir Faire et Decouverte во соработка со Општините Маврово-Ростуше, Новаци и Берово.

Тркалезните маси планирано е да се одржат во:

- Општина Новаци на 06.04.2010 со почеток од 12:00 часот

- Општина Маврово-Ростуше на 07.04.2010 со почеток од 16:00 часот

- Општина Берово на 12.04.2010 со почеток од 13:00 часот

Целта на тркалезните маси е презентација на успешни искуства релизирани во Македонија во рамките на проектот како и размена на искуство и информации за преземање на активности за стимулирање на развојот културното наследство во Општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово, како можност за економски развојот и туризмот.

Почнувајќи од 2008 година, Центарот за Институционален развој-ЦИРа е вклучен во реализација на компонентата 5: „Одржлив туризам и равој“ во рамките на Децентрализираната соработка помеѓу регионот на Долна Нормандија и Република Македонија. Децентрализираната соработка меѓу овие два региона е резултат на заедничка на заедничка волја да се учествува во развојот на двете територии, со отворање кон светот и поттикнување на населението да се заложи кон едно локално и европско активно граѓанско преку реципроцитет и размена.

Со реализација на овие настани во рамките на активностите на проектот, сметаме деке ќе придоносеме за поголема промоција на културното наследство на овие општини и со тоа поголем економски развој на истите.

Од особена важност е вклученоста на сите заинтересирани страни и затоа на траклезните маси се очекува присуство на претставници чие поле на делување го вклучува развојот на алтернативниот туризам и одржување на културното наследство во Македонија и кои придонесуваат или можат да придонесат за неговиот развој и за одржување на културното наследство.

Очекувани резултати од спроведените тракалезни маси:

• Презентиран дел од културното наследство на општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово преку подготвено видео од спроведените активности во рамките на проектот

• Разменети искуства помеѓу присутните за начините и видовите активности кои придонесуваат за потикнување на развојот на алтернатативниот туризам и културното наследство во општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово

• Зголемен интерес на сите заинтересирани страни за нивна вклученост во активностите на проектот.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA