Претседателот на Републиката им објави војна на номадите и на Ромите. Тие, пак, одговараат со декларација за мир за да се избегне социјална катастрофа. Декларација донесена во очи на министерската средба во среда попладне.
The Association of local democracy agencies (ALDA) is looking for a project assistant for the cooperation to improve local governance in Republic of Macedonia.
Во период од 21 до 23 Август 2009 година во хотел Климетица во Охрид беше организиран семинар на тема «Младинско информирање и локални политики - искуства и предизвици». Семинарот се реализираше во состав на активностите од проектот «Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција».
Претседателот на регионот Долна Нормандија, Г. Лоран Бове, ќе го посети Скопје на 7 и 8 јули 2009 во рамките на децентрализирана соработка кој ги поврзува Македонија и Долна Нормандија.
На 28 Јануари 2009 година се одржа еднодевно информирање за програмата «Европа за граѓаните», организирана за претставниците на македонските општини и македонските НВО од страна на Асоцијацијта на агенциите за локална демократија (АЛДА). Оваа обука се одржа во склоп на проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Повеќемина средношколци од Македонија и од Долна Нормандија, Франција, учествуваат, чекор по чекор, во воспоставување на образовна соработка. Размената меѓу средните училишта од Грандвил (Grandville) и Скопје, Лизје (Lisieux) и Тетово, Монтвил (Montville) и Штип веќе отпочна. Таа се одвива меѓу професори. Оваа недела, франсцуската делегација од Регионалниот совет на Долна Нормандија е во посета на Македонија со цел да ги запознае наставниците, да ги слушне нивните идеи и размисли и да отпочне со нивна реализација.
Тетовската гимназија крунисувајќи ја неколкугодишната соработка со средните франкофони училишта, се збратими со гимназијата на градот Лизију од Франција. На одржаната средба минатиот четврток во тетовската гимназија беше речено дека збратимувањето на овие две гимназии е потврдено официјално и од страна на француското министерство за образование.
Пречки за меѓународната мобилност на македонските студенти? Некомпатибилноста на образовната програма со европскиот образовен систем, отсуството на финансиска поддршка и отежнатиот пристап до информации. Овие се заклучоците од тркалезната маса организирана на 4 март 2008 во Скопје од страна на Courrier de la Macédoine/Гласникот.