петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Работилници за размена на искуства за предизвиците од младинското учество во донесувањето на одлуки на локално и регионално ниво

Работилници за размена на искуства за предизвиците од младинското учество во донесувањето на одлуки на локално и регионално ниво

>>  OД 11 јуни 2009 Дo 14 јуни 2009 - Штип (Македонија)
СЕГА - Коалиција на младински организации / Проектот за децентрализирана соработка Долна Нормандија-Македонија

Почитувани,

Коалиција на младински организации СЕГА континуирано работи на застапување и лобирање на полето на младинската политика во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.

Во период од 11 до 14 Јуни 2009 година во хотел Оаза - Штип, ќе се организира семинар на тема: „Работилници за размена на искуства за предизвиците од младинското учество во донесувањето на одлуки на локално и регионално ниво“ (почетокот на семинарот е закажан во 18:30).

Оваа активност се реализира во состав на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од страна на организацијата Асоцијација на Агенции за Локална Демократија од Стразбур (АЛДА). Целта на организирањето на овој семинар е да се разменат позитивни искуства од вклучувањето на младите во процесите на донесување на одлуки на локално и регионално ниво.

На овој семинар учество ќе земат претставници од невладини организации од регионот на Долна Нормандија – Франција, претставници од Локални Самоуправи одговорни за млади од Прилеп, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Свети Николе и Аеродром, како и претставници од младински организации од истите општини.

Во рамките на проектот ќе биде реализирана студиска посета на претсавници на невладини организации од регионот на Долна Нормандија – Франција кои ќе бидат директни учесници на семинарот. На 11 јуни 2009 година во просториите на Локалната Самоуправа во Штип, во претпладневните часови ќе се реализира средба помеѓу градоначалникот на општина Штип и претставниците од Долна Нормандија.

Ве покануваме да присуствувате

Искрено,

Зоран Илиески
Извршен директор
Коалиција на младински организации СЕГА

преземете ја програмата [en]:

PDF - 93.5 ko

преземете ја апликацијата [mk]:

Word - 300.5 ko
План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA