петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Новости од соработката > Обука “Поддршка на младинскиот активизам во средношколскиот живот“

Обука “Поддршка на младинскиот активизам во средношколскиот живот“

31 мај 2010 - Oхрид
Axe 2 : Maison de l’Europe - Caen / SEGA Macédoine

Во периодот од 13 до 15 јуни 2010 година во хотел Климетица –Охрид се одржа обука на тема „Поддршка на младинскиот активизам во средношколскиот живот“.

Обуката беше составен дел од активностите на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија – Франција, раководен од АЛДА а имплементиран од Коалиција на младински организации СЕГА – Македонија и Европска Куќа – Каен, Франција. Целта на овој настан беше учесниците да разменат искуства за активизмот на младите луѓе во средношколскиот живот и да се стекнат со нови знаења и искуства, кои ќе ги пренесат на своите врсници.

На обуката учествуваа шест средношколци, претседатели на класни заедници, претседатели на средношколски младински организации, како и претседатели на класови, од Република Македонија, четири средношколци од Долна Нормандија - Франција од истиот профил.

На оваа обука учесниците се стекнаа со знаења за моделите на учество, како младите можат да се вклучат во процесите на донесување на одлуки, како и за тоа што претставува “EU Citizenship”, и како младите можат да придонесат за општеството преку градење на мрежи и коалиции. Учесниците од Македонија и Долна Нормандија ги разменија искуствата и предизвиците за младинскиот активизам во средношколскиот живот од двете земји.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA