петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Еднодневна дебата: «Колку е локалната информација застапена во националните весници во Македонија?»

Еднодневна дебата: «Колку е локалната информација застапена во националните весници во Македонија?»

19 септември 2009 - Скопје (Македонија)
Le Courrier de la Macédoine/Гласникот, Le Courrier des Balkans / Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Во рамките на Акција 3 од децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија «Информирано општество и медиуми», Гласникот организира дебата на тема „Покриеноста на локалните вести од страна на пишаните медиуми во Македонија

САБОТА 19.09.2009
КЛУБ НА НОВИНАРИ, Скопје

Целта на оваа дебата е да се добие претстава за застапеноста на локалните вести во националниот печат во Македонија и да се поттикне понатамошното размислување и дејствување во прилог на посветла иднина за локалните вести во Македонија.

Дебатата ќе се одржи од 12:00 до 14:00 часот со сите поканети и таа е отворена за партнерите од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија кои сакаат да бидат присутни и да го следат нејзиниот тек.

Веднаш потоа ќе се одржи работилница од 14:30 до 16:30 часот единствено со дописниците и поканетите новинари од Долна Нормандија.

PDF - 95.7 ko
покана дебата
План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA