Makedonija - 8 јули 2010
Господинот Ален Туре, потпретседател на регионот Долна Нормандија одговорен за меѓународни односи и госпоѓата Сабин Гише-Лебаји, шеф на мисијата за децентрализирана соработка и човекови права, беа во официјална посета на Македонија од 26 до 29 јуни 2010.
На 26 јуни, господинот Туре ја инаугурираше изложбата на фотографии „Каен, љубов на прв поглед“ од Зоран Летра и беше почесен гостин на отворањето на фестивалот на француски филм во Охрид.
27 јуни беше посветен на посетата на културно-историското наследство во Охрид. За време на престојот во Охрид, г. Туре имаше пригода да се сретне неформално со градоначалникот на Охрид, г. Александар Петрески. Збратимен со градот Каен, градот Охрид има многубројни туристички адути за валоризирање во рамките на долнонормандиско-македонската соработка.
На 28 јуни делегацијата на Долна Нормандија се сретна со македонскиот министер за локална самоуправа, г. Муса Џафери. Како институционален партнер на регионот во Македонија, Министерството за локална самоуправа е дотолку повеќе вклучено во предвидените активности во трите наредни години од програмата за соработка. Регионалниот правичен развој и институционалната поддршка се централни точки на оваа нова тригодишна програма. Една средба се одржа исто така во Амбасадата на Франција со неговата екселенција господинот Жан-Клод Шлумбергер, Амбасадор на Франција во Скопје. Дискусиите со еден македонски производител на млечни производи и претставникот на економската служба овозможија проценка на економскиот потенцијал на Македонија и ја зедоа предвид реализацијата на една економска соработка меѓу двете територии.
Последниот ден од мисијата, г. Туре се сретна со народниот правобранител на Република Македонија. На крајот на средбата, поволно беше заклучено дека човековите права ќе бидат дел од акциската програма за соработка. Истиот ден потпретседателот на регионот имаше исто така една кратка средба со Јован Лазаревски, пратеник и член на парламентарната група за француско-македонско пријателство. Обајцата ја потврдија волјата за продлабочување на пријателските врски и врските за соработка меѓу двете земји.
Овие различни средби на долнонормандиската делегација во Македонија ја потврдија волјата на Долна Нормандија да ја зајакне соработката со Република Македонија.
Следен важен момент од соработката е одржувањето на управен одбор на сите партнери од проектот во Каен, Долна Нормандија, во средината на септември.