27 јули 2010 -
La Voix des Roms / Collectif des Associations tsiganes
Претседателот на Републиката им објави војна на номадите и на Ромите. Тие, пак, одговараат со декларација за мир за да се избегне социјална катастрофа. Декларација донесена во очи на министерската средба во среда попладне.
Средбата којашто беше одржана на 28 јули во претседателската резиденција со цел разгледување на „проблемите“ што ги предизвикаа Циганите, е прва по Ослободувањето.
Како што и најчесто бива во историјата, Циганите се уште еднаш жртвено јагне принесено од една водечка група вплеткана во политичко-финансиски скандали.
Доколку Никола Саркози ја повтореше објавата за војна, Колективот на циганските здруженија ќе беше принудено да отпочне правни постапки за да испровоцира расна омраза и да побара од пратениците да ја разгледаат потребата од свикување на Судот на правдата.
Расизмот против Циганите во француското општество и понатаму расте затоа што, меѓудругото, потврдата на пресудата, донесена од Врховниот суд на 1 јули 2010 година, за Франс Телевизион, обвинета дека поттикнала расна омраза со содржината на емисија со наслов „Деликвенција: Патот на Ромите“, помина незабележано.
Во период кога Франција е предмет на бројни обвинувања од европските инстанци и кога ризикува да биде избркана од европското семејство, јавните власти не преземаат ништо во борбата против се` почестото расистичко однесување против Циганите.
На 18 јули 2010 година Франција конечно официјално ги призна затворањето и депортацијата на Циганите од 1940 до 1946 година во обраќањето на Државниот секретар кон ветераните.
Десет дена подоцна, Никола Саркози започна со водење расистичка политика која доколку се спроведе, ќе отвори нова црна страница во историјата на Франција зашто е јасно дека Циганите, и покрај длабоките разлики кои постојат меѓу номадите и Ромите, во француската држава се подложени на режим на апартхејд поради една неверојатна политика недостојна за една демократска држава.
Колективот на циганските здруженија бара прием кај Претседателот на државата за да ги претстави проблемите што произлегле од расистичките предлози на неколкумина меѓу министрите и пратениците на десничарската партија УМП.
Колективот на циганските здруженија бара и укинување на сите дискриминациски закони и донесување резолуција од државниот врв за борба против расизмот насочен кон Циганите.
Со цел зачувување на универзалните вредности заради кои Франција е толку голема, Колективот на циганските здруженија испраќа апел, цитирајќи ги зборовите кои пред 25 години ги изговори Жорж Гингуан, првиот француски дисидент и ослободител на Лимож, по повод 41-та годишнина од битката кај Мон Гарган:
„Во 1985 година, ги повикувам сите добродушни мажи и жени одговорно да придонесат за почетокот на една нова Ренесанса за да Франција остане земја на човековите права и слободи. Огинот на Слободата не смее да изгасне!“