петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Тркалезна маса: «Учеството на младите во креирањето на локалната политика и локалната демократија»

Тркалезна маса: «Учеството на младите во креирањето на локалната политика и локалната демократија»

22 јуни 2009 - Кратово (Македонија)
Le Courrier de la Macédoine / Децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Почитувани,

Во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија“, “Le Courrier de la Macédoine” организира тркалезна маса во соработка со Општина Кратово. Ја имаме честа да Ве поканиме на оваа тркалезна маса насловена како: „Учеството на младите во креирањето на локалната политика и локалната демократија“ која ќе се одржи во Општина Кратово, во салата на собранието, на 22 јуни (понеделник)2009 година, со почеток во 12h00 часот.

Панелот на учесници од Општина Кратово, експерти по уставно право и младински организации ќе ги отворат следниве прашања:Колку младите се запознаени со нивните права, можности и начин на учество во донесувањето на одлуки на локално ниво, креирањето на локалните политики и локалната демократија?
- Зошто е потребна младинската партиципација?
- Изборна наспроти партиципативна демократија?
- Кои се постоечките можности за младинска партиципација и какви се искуствата?
- Како до подобра младинска партиципација во донесувањето на одлуки?

Цел на дебатата: Поттик на локалната младина да биде активен учесник во демократскиот процес и креирањето на локалната политика.

Тркалезната маса е отворена за сите. Истата ќе се одвива на македонски јазик.

За сите дополнителни информации, контактирајте ја Илинка Гичова, Здружение на граѓани за културна соработка „Гласникот“, на тел: +389.2.307.20.40 или +389.70.833.672.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA