Коалицијата на младински организации „Сега“ и Куќата на Европа (Каен, Долна Нормандија) Ве покануваат на завршен семинар, којшто ќе се одржи од 3 до 6 септември во Македонија како дел од активностите предвидени со оската „Млади, образование, локално и европско граѓанство“. Во прилог Ви ја испраќаме програмата за семинарот.
Дејствувањето на коалицијата, зајакнато со отворањето на првиот Младински инфо-центар (за чие заживување, меѓу другите, е заслужна и една млада волонтерка од Долна Нормандија) се состои во понатамошно водење на работилници за информирање на младите, организирање студиски посети на македонски претставници во Долна Нормандија со цел да се олесни нивното професионално насочување и усовршување, но и во изготвување мал прирачник за корисни практики. Од друга страна, нашето делување поттикнува на постојано размислување за младите и за средствата и алатките кои тие можат да ги искористат за да влијаат, преку свои лични предлози и идеи, врз идната политика за младите и на двете територии.
Со почит,
Луиџи РОМИЛДО, координатор
Куќа на Европа, Каен, Долна Нормандија
Адреса: 10 rue de Formigny - 14000 CAEN
02 31 34 54 31
projets@maisoneurope-caen.org
maisoneurope-caen.org
Работно време: понеделник-петок, 14h00 - 18h00
Информации за младите во рамки на политиката за млади
3-5 септември 2010 година,
Хотел „Оаза“, Штип, Македонија
ПРОГРАМА
Прв ден (петок, 3 септември)
- 16:30
Пристигнување на учесниците
17:00 – 18:00 Поздравен говор и претставување на целите и организацијата на семинарот, дневниот распоред и очекуваните резултати од учесниците
18:00 – 20:00 Претставување на националната политика за младите во Македонија и начинот на нејзиното спроведување во државата и на информативните услуги за младите, како дел од работата со нив
20:00
Вечера
Втор ден (сабота, 4 септември)
9:30 – 10:00 Дневен распоред и „брејнсторминг“
10:00 – 11:00 Локални политики за младите во Македонија
11:00 – 11:30 Пауза
11:30 – 13:00 Локални и регионални политики за младите во Франција
13:00 – 14:30 Ручек
15:30 – 16:30 Претставување на младинскиот инфо-центар „Инфо-Сега“ во Прилеп: анализа на потребите на младите, главни цели, придобивки и предизвици
16:00 – 16:30 Пауза
16:30 – 17:45 Структури за информирање на младите на француска територија: анализа на потребите, главни цели, придобивки и предизвици
17:45 – 18:30 Оценување и подготовки за следниот ден
19:30 Вечера
Трет ден (недела, 5 септември)
9:30 – 10:00 Дневен распоред и „брејнсторминг“
10:00 – 10:30 Етапи на процесот на создавање структури за информирање на младите
10:30 – 11:00 Пауза
11:00 – 12:15 Конкретна примена?
Работа во групи: изготвување акциски план во сегашната состојба
12:15 – 12:45 Споделување и дискусија
12:45 – 13:30 Оценување на семинарот и перспективите за соработка
13:30 Ручек
18:00 – 20:00 Делегација на Долна Нормандија: посета на младинскиот инфо-центар во Прилеп