петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Долна Нормандија > Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка > Билатерален управен одбор помеѓу териториите Долна Нормандија и Македонија

Билатерален управен одбор помеѓу териториите Долна Нормандија и Македонија

Oхрид - 1 ноември 2009

Третиот Билатерален управен одбор за децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија се одржа во Охрид, Македонија на 17 и 18 септември 2009 година. Присуствуваа сите партнери во проектот, и македонските и француските.

Жули Кветје

JPEG - 30.7 ko
Pascale Cauchy (© photo : Julie Quetier)

„Нашата соработка е пример за успех во Долна Нормандија, како на национално, така и на европско и интернационално ниво. Благодарение на ваквата соработка, Македонија не е повеќе непозната за жителите на Долна Нормандија. Напротив, тие имаат се` појасна слика за оваа земја.“ – истакна Паскал Коши, регионален советник за децентрализирана соработка, кој присуствуваше на дводневниот Управен одбор.

Проектот за децентрализирана соработка беше поттикнат во ноември 2007 година од страна на одредени претставници на Регионалниот совет на Долна Нормандија.

Проектот опфати пет различни, но комплементарни оски на дејствување:

* оска 1: Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ), „Обука и употреба на ИКТ со цел успешно локално самоуправување“;

* оска 2: Млади, образование, европско и локално граѓанство, „Учеството на младите во локалниот живот“;

* оска 3: Информатичко општество и медиуми, „Информацијата во служба на граѓанството и соработката“;

* оска 4: Културни и уметнички размени, „Создавање простор за дијалог, творештво и уметничка и граѓанска мобилност“;

* оска 5: Одржлив туризам и наследство, „Поддржување и развивање на одржливиот туризам“;

* (оска 6: Партнерство меѓу локалните заедници, „Унапредување и зајакнување на врските меѓу локалните заедници од двете територии“)

Соработката во текот на втората година имаше за цел зацврстување на односите и развивање на проектите започнати во првата година.

JPEG - 37.8 ko
(© photo : Julie Quetier)

Така, претставниците на здруженијата од Долна Нормандија и Македонија кои соработуваа во доменот на различни оски, можеа да направат план на активности за следната втора година на соработка.

Овој годишен план на активности во сферата на различни оски е подеднакво конструктивен и во Македонија и во Долна Нормандија, иако според долнонормандиските чинители, неопходно е да се зајакнат активностите на нивна територија.

Перспективи и цели за третата година

Предложените перспективи за третата година се однесуваат на унапредување на интеркултурниот аспект и на поголема интеракција меѓу различните оски со цел добивање најдобри можни резултати од спроведените активности и нивно ширење до што е можно поголема публика.

Следни етапи во проектот за соработка се:

* 21 октомври: одбележување на „Денот на развој и соработка во Нормандија – Втора средба за децентрализирана соработка“, на што ќе претходи потпишувањето на договори за соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија на 20 октомври. За повеќе информации, прочитајте го нашиот напис;

* февруари 2010 година: претставување на проектот и планираните активности за следните три години со цел зацврстување на односите помеѓу Долна Нормандија (три департмани) и Македонија;

* пролет 2010 година: формирање на Комитет за политичко насочување што ќе следи по потпишувањето на трилатерален договор меѓу македонската Влада, Француската амбасада во Скопје и регионот Долна Нормандија;

* пролет 2010 година: Одржување на шестото издание на „Балканска пролет“ кое ќе ја стави Македонија во центарот на случувањата.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA