петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Тркалезна маса: «Дали новите технологии може да го поттикнат активното граѓанско учество?»

Тркалезна маса: «Дали новите технологии може да го поттикнат активното граѓанско учество?»

7 јули 2009 - Скопје (Македонија)
Фондацијата Метаморфозис / Проект за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Тркалезна маса: Активно граѓанско учество во Македонија
Дали новите технологии може да го поттикнат активното граѓанско учество?

На 7 јули 2009 година помеѓу 12 и 16:30 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје Фондацијата Метаморфозис организира тркалезната маса на тема примена на новите технологии за поттикнување на активното граѓанско учество во Македонија.

Цел на настанот е да се направи преглед на позитивните и негативните искуства од областа на примена на новите технологии за поттикнување на активното граѓанско учество, особено системите за е-услуги кои досега се поставени на ниво на локални самоуправи во Македонија, како и да се искористат добрите пракси од ЕУ и регионот Долна Нормандија, Франција. Заклучоците од оваа работна средба ќе послужат за подобрување на ефективноста и на постоечките и на идните вакви информатички решенија. Детална агенда за тркалезната маса е во прилог.

Оваа работна средба е првенствено наменета за претставници на локалната самоуправа и невладини организации кои се занимаваат со активно граѓанско учество. При тоа, настанот ќе биде отворен и за јавноста и сите заинтересирани претставници на други организации, институции, како и поединци се добредојдени.

Доколку имате намера да учествувате, пријавете го Вашето присуство и/или присуството на претставници на Вашата општина преку е-пошта до Лилјана Цекиќ-Лазоровска (lila@metamorphosis.org.mk), или на телефон 02/3109 325 до 3 јули 2009 година во 16 часот.

Тркалезната маса ја организира Фондацијата Метаморфозис во соработка со АЛДА во рамки на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, со поддршка од Република Франција.

Преэемете ја програмата:

PDF - 186.1 ko

Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски – Борче, 88-а,
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3109 325 Факс: +389 2 3225 206
www.metamorphosis.org.mk, info@metamorphosis.org.mk

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA