петок 22 јуни 2012

Еднодневна конференција/ семинар

1 ноември 2009 - Скопје (Македонија)
Оска 3: Courrier des Balkans/Courrier de la Macédoine (Гласникот)

На 19 септември 2009 година, „Курие дес Балкан“ и „Гласникот“ организираа еднодневна конференција на тема „Колкава е застапеноста на локалната информација во националните весници во Македонија?“.

Еднодневната конференција започна со дебата (12:00-14:00), по што следуваше работилница (14:30-16:30) за покриеноста на локалните вести во националните весници во Македонија. Целта беше да се разговара за потребата од локални информации и да се укаже на можната потреба од дополнителни обуки наменети за локалните дописници.

За потребите на дебатата, „Гласникот“ (Courrier de la Macédoine) направи истражување за застапеноста на локалните вести и темите што се покриваат во националниот печат во Македонија. Така, медијаторот ја поткрепи дебатата со потребните статистички податоци.

PNG - 106.6 ko
Elena Kostovska, Viktorio Jakovlevski et Gabrielle Naudé (© photo : Julie Quetier)

Улогата на медијатор ја играше Викторио Јаковлевски (Здружение на новинари на Македонија). Со седиште во Скопје, Здружението на новинари на Македонија има 600 активни членови. Здружението располага со шест регионални центри (Куманово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и Струмица) и поврзува дописници од исти делови на државата.

1. Дебата (12:00-14:00): „Колкава е застапеноста на локалните вести во националните весници во Македонија?“

Учесници : новинари и локални дописници во националните весници, членови на редакции на националните весници, локални новинари, претставници на општини, новинари од регионот Долна Нормандија.

Оваа дебата се одржа во Клубот на новинари во Скопје и вклучи 10 учесници:

Еден претставник на редакцијата на еден дневен весник:

* еден претставник на весникот „Дневник“, одговорен за локалните вести:

Тројца локални дописници на главните национални весници, кои инаку доаѓаат од различни делови и општини на Македонија:

* г-дин Димитар Петревски Грумар, дописник за „Дневник“ од Штип * г-ѓа Светлана Дарудова, дописничка за „Дневник“ од Тиквеш и Неготино * г-ѓа Снежана Џорлева, дописничка за „Нова Македонија“ од Струмица

PNG - 116 ko
Arben Fetahi (© photo : Julie Quetier)

Еден новинар од локален неделен весник:

* г-дин Арбен Фетахи, уредник на „Монитор“ (Гостивар, Тетово)

Тројца претставници на локалната самоуправа:

* г-дин Ковалевски, Служба за информирање и медиуми, општина Охрид * г-ѓа Милена Ристова Михајловска, портпаролка на градоначалникот на општина Штип * г-дин Иван Бојаџиски, општина Штип (поранешен дописник со 18-годишно искуство)

PNG - 127.3 ko
Briac Trébert, Christian Bouzols (© photo : Julie Quetier)

Двајца новинари од Долна Нормандија:

* г-дин Кристијан Бузол, уредник на „Газет д ла Манш“ (Ил-е-Вилен е Мајен) * г-дин Бријак Требер, локален дописник за „Ожурдуи ан Франс“ и „Ла либерте“ (Каен).

Во текот на дебатата се опфатија следниве прашања :

1. Како се одбира локалната вест според уредувачките политики на националните весници (квантитет, квалитет, географска застапеност)? 2. Дали националните весници имаат стратегија кога станува збор за покриеноста на локалната вест? Доколку имаат, каква е таа стратегија? 3. Зошто е важна локалната вест? Дали им служи на читателите? 4. Како комуницираат општините меѓу себе и кој е нивниот став за покриеноста на локалната вест во пишаните медиуми? 5. Каква е иднината на локалната вест во националните гласила во Македонија и во кој правец треба да се размислува и дејствува?

2. Работилница со локалните дописници (14:30-16:30)

Учесници : Локални дописници за националните весници, новинари во локалните весници

Заклучок : Дебатата и работилницата доведоа до заеднички заклучоци; тргнувајќи од тешкотиите со коишто се соочуваат и македонските и нормандиските локални новинари, заеднички им се следниве точки:

* Социјален аспект: плати и услови за работа за локалните новинари и дописници * Недостиг на соработка меѓу самите дописници * Недоволно можности за размени за дописниците на меѓународно ниво за разлика од новинарите во националните редакции * Маргинализирање на работата

PNG - 138.8 ko
(© photo : Julie Quetier)

Ваквите заклучоци произлегоа од искуствата на новинарите од Долна Нормандија и Македонија, при што големо беше изненадувањето за македонските новинари кои веруваа дека состојбата во Франција е поинаква.

Имајќи ги предвид ваквите сознанија, Здружението на новинари на Македонија ќе преземе чекори за понатамошни активности.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA