петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Тркалезна маса: «Одржливиот и алтернативниот туризам во Македонија»

Тркалезна маса: «Одржливиот и алтернативниот туризам во Македонија»

2 октомври 2008 - Скопје (Македонија)
Проект за Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија

Организациите Вештини и откривање (Savoir-Faire et Découverte), ЦИРа и Гласникот имаат чест да ве поканат на тркалезна маса со наслов «Одржливиот и алтернативниот туризам во Македонија» во четврток на 2ри октомври 2008 година во 19 часот во Културниот Центар Точка од Скопје.

Група учесници активни во оржливиот туризам од Франција, Македонија и Бугарија ќе разговараат на следните прашања:

- До каде е развојот на оджливиот туризам во Македонија?
- Какви конкретни можности се понудени во овој домен во Македонија?
- Какви се целите и очекуваните резултати од соработката меѓу Македонија и Долна Нормандија во полето на одржлив туризам?
- Каква иднина за одржливиот туризам во Македонија?

Учесници :
- Димитар Балабанов, директор на агенција од регионот на Самоков (Бугарија)
- Даниел Боске (Daniel Bosquet), Регионален Совет на Долна Нормандија (Франција)
- Филип Ене (Philippe Enée), потпретседател на „Пречек на село“-Accueil Paysan, (Франција)
- Ежен Луик Ермесен (Eugène-Loïc Ermessan), претседател од паркот Норманди-Мен (Франција)
- Зоран Стојковски, медијатор, директор на ЦИРа (Македонија)
- Арно Троле (Arnaud Trollé), медијатор, директор на „Вештини и откривање“ (Франција)
- други

Тркалезната врата е отворена за сите. Таа ќе се одвива на македонски и француски јазик со симултан превод.

За дополнителни информации контактирајте ја Илинка Гичова од организацијата Гласникот на +389 2 307 20 40

Влезот е слободен

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA