петок 22 јуни 2012

Македонската уметност претставена во Франција

Македонија/Франција - 5 мај 2010

Македонските уметници ја освоија француската критика. Во рамките на манифестацијата Балканска пролет, годинава во Долна Нормандија од 31 март до 28 мај се претставува македонската култура во сите правци.

Овации од француската публика за концертите на женскиот младински хор под диригентската палка на Сашо Татарчев, перформансот на Есма и изведбата на камерниот оркестар на Македонската Филхармонија.

Градот Каен и додели златен медал и признание на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која на 4 мај ќе оствари билатерална средба со францускиот колега Фредерик Митеран. Ќе потпишат програма за соработка.

Организатор на манифестацијата е асоцијацијата „Балкан транзит“ од Долна Нормандија, досега културата на овој настан ја имаат претставено Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија и Романија.

Вероника Камчевска

ВИДЕО

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA