Европска унија – Регионален одбор - 3 ноември 2009
Разговорите отпочнати минатата пролет помеѓу Заедничкиот советодавен одбор на ЕУ и Поранешната југословенска Република Македонија продолжија на 29 октомври во Брисел.
Со цел да се продолжат разговорите отпочнати минатата пролет помеѓу Европската унија и Поранешната југословенска Република Македонија, Заедничкиот советодавен одбор се состана на 29 октомври (четврток) во Брисел.
Целта на средбата беше да се разговара за неодамнешниот развој на односите помеѓу ЕУ и ПЈРМ и неговото влијание врз локалните и регионалните власти, но и за капацитетот за користење на европските фондови и програми како на локално, така и на регионално ниво.
Како земја-кандидат за членство во ЕУ уште од 2005 година, ПЈРМ ќе ја памети оваа 2009 година и по препораката за отпочнување преговори, која Европската комисија и` ја додели заради успешно исполнување на доволен број од Копенхашките услови за членство, а која е запишана во публикацијата на Комисијата, насловена „Стратегии за проширување 2009-2010“. Во јули минатата година, Европската комисија донесе одлука и за визна либерализација за македонските граѓани.
Во присуство на министерот за локална самоуправа на ПЈРМ Муса Џафери, градоначалникот на општината Колдинг (ДК/ПЕС) и копретседател на Заедничкиот советодавен одбор Бодкер Андерсен истакна: „Како претставници на локалните и регионалните единици, денеска можеме да кажеме дека и понатаму ќе се одржува очигледната динамика во процесот за членство. Можеме и ќе придонесеме кон остварувањето на политичките, економските и демократските услови.“
Земјите-членки на Заедничкиот советодавен одбор имаа можност да разменат знаење, искуства и успешни тактики со цел подобро да го оценат развојот на регионите и градовите во ПЈРМ. Маријан Ристевски, градоначалник на четвртиот најголем град во Македонија, Прилеп, ја посочи својата општина како пример за соработка меѓу општините на ПЈРМ и општините на ЕУ.
Копретседателската функција во Заедничкиот советодавен одбор ја извршуваат Бодкер Андерсен, градоначалник на општината Колдинг (ДК/ПЕС), и Зоранчо Алексов, градоначалник на Штип (ПЈРМ). Заедничкиот советодавен одбор подеднакво вклучува локални избраници од ЕУ и ПЈРМ, како и други гласноговорници од универзитетската, економската и институционалната сфера.