Срѓан Амет од ЦИРа најавува обнова на стари традиционални објекти во Новаци, Маврово - Ростуше и во Берово
За да заживее алтернативниот и меморијалниот туризам во руралната општина Новаци, започната е реализацијата на неколку проекти во битолскиот дел на Мариово, каде што има повеќе запуштени села со куќи од традиционалната автентична градба.
Во периодот од 10 до 13 мај, делегација на Ливаро го посети Берово. Целите на посетата беа да се запознае средината и да се постават основите за една цврста и конкретна соработка. Впечатоците од посетата на делегацијата ги запиша еден новинар на „Курие де Балкан“.
Во рамките на активностите за 2010 година, во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Basse-Normandie Region Council од Франција, Центарот за Институционален Развој- ЦИРа и Savoir Faire et Decouverte спроведе тракалезни маси на тема „Вреднување на кутурното наследство можност за економски развој и развој на туризмот“ организирани во Општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово.
Од 29 јуни до 4 јули 2009 година во Општина Берово се реализираше работилницата «Размена на искуства во врска со инженерството на културното наследство во Македонија». Целта на оваа активност беше да се дефинираат елементите на материјалното и не-материјалното наследство кои би можеле да придонесат за територијалниот развој. Тема на оваа работилница беше «овчарството».
Претседателот на регионот Долна Нормандија, Г. Лоран Бове, ќе го посети Скопје на 7 и 8 јули 2009 во рамките на децентрализирана соработка кој ги поврзува Македонија и Долна Нормандија.
На 28 Јануари 2009 година се одржа еднодевно информирање за програмата «Европа за граѓаните», организирана за претставниците на македонските општини и македонските НВО од страна на Асоцијацијта на агенциите за локална демократија (АЛДА). Оваа обука се одржа во склоп на проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Во рамките на проектот за соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија, кон крајот на јуни 2008 година, во областа Мариово, Savoir Faire et Découverte организираше обука насловена како «Попишување на културното наследство».