петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Долна Нормандија > Новости од Долна Нормандија и Новости на децентралиэирана соработка > Информативен семинар во Брисел за пратениците од долнонормандиските населени места и градови

Информативен семинар во Брисел за пратениците од долнонормандиските населени места и градови

Регионот Долна Нормандија - 25 март 2009

Регионот Долна Нормандија организира во Брисел информативен семинар за пратениците од долнонормандиските населени места и градови.

Соопштение на печатот од 25 март 2009

Регионот Долна Нормандија организира во Брисел информативен семинар за пратениците од долнонормандиските населени места и градови.

Лоран Бове (Laurent Beauvais), претседател на Регионот Долна Нормандија ги покани на 25 и 26 март претставниците на главните населени места и градови во Долна Нормандија – Каен, Вир, Лизје, Шербур-Октевил, Сен-Ло, Гранвил, Алансон и Флер на еден информативен семинар во Брисел.

Целта на овој семинар, организиран од филијалата на Регионот Долна Нормандија во Брисел, е да се идентификуваат можностите за финансирање на градовите и населените места со фондовите на ЕУ.

Пратениците учествуваат денес на конференции организирани од одговорните лица на генералните дирекции на Европската Комисија за:

- големите европски предизвици на денешницата за единиците на локалната самоуправа;
- реакции на ЕУ во однос на економската криза (олабавување на правилата за помош на државите, мерки предвидени од Европската инвестициска банка (ЕИБ), итн....);
- инструменти на ЕУ за помош при вработувањето;
- програми со активности на Заедницата;
- кохезивна политика и градовите (програма URBACT 2, програма за размена на добрите практики меѓу европските градови);
- енергетска политика на ЕУ, поддршка на ЕУ за локално промовирање на обновливите видови енергија и енергетска ефикасност.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA