Адреса :
Le Courrier de la Macédoine / Гласникот
Никола Тесла 18-2
1000 Скопје
Македонија
Тел: +389 2 30 72 040
Е-маил: glasnikot@yahoo.com
Контакт:
Илинка Гичова
Координатор
Тел: +389 70 833 672
Е-маил: glasnikot@yahoo.com
Историја на здружението:
Започна како неформална структура создадена во 2003 година од страна на преведувачи и студенти на преведување/толкување на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (Скопје). Le Courrier de la Macédoine (CdMk)/Гласникот во 2005 година стана асоцијација, македонски правен субјект. Брзо, здружението се прошири кон професионални новинари и студенти по француски јазик на Универзитетот на Југо-источна Европа (Тетово).
Le Courrier de la Macédoine/Гласникот ги одбира и ги преведува најдобрите натписи од македонските печатени медиуми (од македонски и албански кон француски јазик), а новинарите исто така пишуваат натписи за здружението. Составените и преведените натписи се исто така објавени на интернет страната на Courrier des Balkans (http://balkans.courriers.info).
Цели и мисија на организацијата:
Le Courrier de la Macédoine/Гласникот е непрофитно здружение на граѓани. Има за цел да состави една платформа за медиумска и новинарска размена помеѓу Република Македонија и франкофонските земји. Овие размени заземаат главно две форми:
1. Превод на француски на натписи од македонските весници и нивно објавување на интернет страната на Courrier des Balkans. Courrier des Balkans уште од 1998 ја обезбедуваат релизацијата и објавувањето , во електронска форма, кое ќе запознае со информации и анализи на демократските весници на Балканот. Натписите преведени и објавени од страна на Courrier de la Macédoine се избрани според интересот и нивната информативна содржина, но, исто така со цел да отворат прозорец кон македонското општество и кон дебатите кои го засегаат.
2. Исто така Le Courrier de la Macédoine/Гласникот, во Македонија, организира и семинари, конференции и активности поврзани со новинарската пракса и светот на медиумите.
Целта на овие активности е да ги поврзи македонските новинари и нивните колеги од франкофонските земји со цел да рзамени идеи и пракса.
Активностите на Courrier de la Macédoine се насочени кон сите граѓани кои се интересираат или се засегнати од функционирањето на медиумите и кои сакаат да учествуваат во размените кои се однесуваат на овој дел од јавниот живот.
Тимот на Courrier de la Macédoine :
Тимот на Courrier de la Macédoine е составен од петнаесетина луѓе кои се активни во две професионални гранки : превод и толкување (македонски-француски или албански француски) и новинарство. Претставниците од „преведување/толкување“ се професионалци и студенти од Универзитетот Св.Кирил и Методиј од Скопје или Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово. Претставниците од новинарската гранка се млади професионалци кои работат за македонските медиуми.
12 члена (2 вработени)
Тома Клос, новинар, професор по француски јазик на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, главен и одговорен уредник на Гласникот/Courrier de la Macédoine
Илинка Гичова, координатор на Гласникот/Courrier de la Macédoine
Ана Ацевска, преведувач на македонски, Претседател на Гласникот/Courrier de la Macédoine
Виктор Закар, преведувач кон македонски
Фаредин Аети, преведувач кон албански
Ивана Димитровска, преведувач кон македонски
Катарина Ѓурчевска, преведувач кон македонски, Секретар на Гласникот/ Courrier de la Macédoine
Aфрим Јашари, преведувач кон албански
Катерина Кировска, преведувач кон македонски
Ивана Магденоска, преведувач кон македонски
Марија Николова, преведувач кон македонски
Кристина Велевска, преведувач кон македонски
Активности на Гласникот/Courrier de la Macédoine:
Постојана активност : преведување и објавување на информативни натписи за Македонија
2008
4март : Реализација на тркалезна маса на тема «Размена на студенти» Финансирана од: Регионалниот совет на Долна Нормандија, Министерството за надворешни работи, PricewaterhouseCoopers Македонија
4јуни: Реализација на тркалезна маса на тема «Македонските локални медиуми се соочуваат со своите предизвици»
Финансирана од: Регионалниот совет на Долна Нормандија, Министерството за надворешни работи, PricewaterhouseCoopers Македонија
6 и 7 јуни :работилници за промоција на франкофонијата во Македонија Финансирана од: Агенција за млади и спорт, Македонија
2007-2008
Проект за соработка во делот на медиуми и информациско општество во рамки на соработката на локално ниво помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, во партнерство со француското здружение Le Courrier des Balkans
Финансиран од: Министерството за надворешни работи на Франција и Регионалниот совет од Долна Нормандија
2006
Физибилити студија за децентрализираната соработка на Регионот Долна Нормандија и Македонија
Координација и имплементација на проектот за децентрализирана соработка која вклучува повеќе партнири од Долна Нормандија и Македонија, во партнерство со француското здружение Le Courrier des Balkans. Развивање на Македонската интернет страна на сајтот на Le Courrier des Balkans
Финансирано од: Регионалниот совет на Долна Нормандија
Партнери/Финансиери:
Во Македонија:
Амбасада на Република Франција во Скопје
Француски културен центар во Скопје
Француските алијанси во Битола ик Тетово
Агенција за Млади и спорт на Македонија
Универзитет Св. Кирил и Методиј (Скопје)
Универзитет на Југоисточна Евроа (Тетово)
Чорба дифузион (Скопје)
Метаморфозис (Скопје)
Локомотива (Скопје)
Монитор (Гостивар)
Битолски весник (Битола)
PriceWaterhouseCoopers Македонија
Националната комисија за Франкофонија од Македонија
итн.
Во Франција:
Le Courrier des Balkans
Амбасадата на Република Македонија во Франција
Регионалниот совет на Долна Нормандија
Асоцијација на Агенции за локален развој
итн