петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија > Новости од соработката > Семинар «Младинско информирање и локални политики - искуства и предизвици»

Семинар «Младинско информирање и локални политики - искуства и предизвици»

7 септември 2009 - Коалиција СЕГА
Коалиција СЕГА, Европската Куќа од Каен, Лигата за Образование / Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција

Во период од 21 до 23 Август 2009 година во хотел Климетица во Охрид беше организиран семинар на тема «Младинско информирање и локални политики - искуства и предизвици». Семинарот се реализираше во состав на активностите од проектот «Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција».

Во период од 21 до 23 Август 2009 година во хотел Климетица во Охрид беше организиран семинар на тема «Младинско информирање и локални политики - искуства и предизвици». Семинарот се реализираше во состав на активностите од проектот «Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормандија – Франција». На семинарот учествуваа претставници од пет локални самоуправи од Штип, Аеродром, Кисела Вода, Ресен и Свети Николе како и претставници од локални младински организации од истите градови. На овој семинар учество зедоа и претставници Европската Куќа од Каен, Лигата за Образование, претставник од Министерството за Млади и Спорт на Република Франција – одговорен за Youth in Action програмата која е во состав на ЕУ, Центарот за нови технологии и еден претставник од средношколската унија од регионот Долна Нормандија од Франција. Претставниците од Долна Нормандија имаа средби со претставници од Локалната Самоуправа во Охрид, Младински Совет Охрид и НВО Опција од Охрид. Во текот на овој семинар тие остварија средба и со претставници од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Фасилитатор на овој настан беше Зоран Богдановски.

Во текот на семинарот се дискутираше за улогата на младинското информирање во рамките на младинските политики во Република Македонија и регионот на Долна Нормандија – Франција. Неколку сесии беа наменети за презентација на Гласникот, Метаморфозис и Млади Инфо, чии претставници им ги пренесоа своите искуства на учесниците за начинот на информирање на младите во Македонија и регионот на Долна Нормандија. Преку работа во мали групи учесниците дискутираа за пречките, можностите и очекувањата од имплементирањето на механизми за младинско информање во пракса, како што се младинските информативни центри. Како добра пракса беа споделени искуствата од работата на 27те младински информативни центри распределени во регионот на Долна Нормандија.

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA