петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Предмет: Повик за учесници во «Студиска посета на средношколски организации во Долна Нормандија – Франција»

Предмет: Повик за учесници во «Студиска посета на средношколски организации во Долна Нормандија – Франција»

30 март 2009 - Македонија
Проект за Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија

Почитувани,

Во име на Коалиција на младински организации СЕГА и Европска Кука од Caen - Долна Нормандија, ни претставува посебна чест да ги поканиме средношколците од Република Македонија за учество во «Студиска посета на средношколски организации во Долна Нормандија – Франција» која ќе се реализира во периодот од 26 до 30 Април 2009 година во Caen - Долна Нормандија.

За учество во ова активност ќе бидат селектирани тројца (3) средношколци од Република Македонија кои се активни членови во средношколските организации (во своите училишта) или се членови на Средношколската Унија.

За време на студиската посета во Долна Нормандија тие ќе имаат можност да посетат приватни и државни средни училишта и да имаат состаноци со средношколските организации од истите, ќе имаат состанок со поранешниот Генерален Секретар на Советот на Европа г-дин. Catherine LALUMIÈRE, состанок со Одделот за Човекови права и Одделот за Млади и Спорт при Регионалниот Совет на Долна Нормандија, да посетат Младински Информативен Центар и да учествуваат на затворањето на културниот фестивал “Преамбула Македонија” организиран од асоцијацијата Balkans-Transit.

Оваа активност се реализира во склоп на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од Франција, раководен од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (Association of Local Democracy Agencies) од Стразбур.

Сите заинтересирани за оваа студиска посета можат да се пријават користејќи ја Апликацијата за овој настан (во прилог на оваа порака) која треба да ја испратат на следната адреса sega@sega.org.mk или на факс: 048 429 390.

Краен рок за испраќање на апликации е 03 Април 2009 година.

Трошоците поврзани со патувањето, сместувањето, храната, работните материјали и трошоците за виза се на товар на Коалиција СЕГА.

Предност ќе имаат апликантите со познавање на Англиски или Француски јазик!

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, слободно контактирајте не.

Со благодарност за досегашната соработка.

Искрено,
Зоран Илиески
Извршен директор
Коалиција на младински организации СГЕА

PDF - 235 ko
Povik_za_ucesnici.pdf
Word - 393.5 ko
Aplikacija_za_studis ka_poseta.doc



План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA