петок 22 јуни 2012
Accueil > македонски јазик > Практичен водич > Агенда > Размена на искуства меѓу јавните информатички центри од Македонија и Долна Нормандија

Размена на искуства меѓу јавните информатички центри од Македонија и Долна Нормандија

>>  OД 9 септември 2009 Дo 18 септември 2009 - Македонија
Центар на нови технологии (CTN), Метаморфозис / Децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија

Посета на Македонија на долнонормандиските аниматори на јавни точки за пристап до дигиталните технологии

Од 9 до 18 септември 2009 заминуваат тројца долнонормандиски аниматори на јавни точки за пристап до дигиталните технологии во посета на Република Македонија со цел да ги проучуваат искуствата на македонските соодветни центри. Нивниот пречек и координирање го организира асоцијацијата Метаморфозис, партнер на Центарот на нови технологии (CTN).

JPEG - 28.2 ko
Подготвување на патувањето: размена на информации на состанок, преку видеоконференција, меѓу аниматори и организатори од Долна Нормандија и Македонија.

Овој престој ќе им овозможи на долнонормандиските координатори да ги запознаат своите колеги од Македонија и да изработат проекти кои ги засегаат Долна Нормандија и Македонија за правилен развој на информациските и комуникациските технологии и со тоа и за зајакнување на демократските практики на локалните власти.

Предвидени активности:

Во програмата се предвидени:
- посети на телецентри, средби со координатори, со одговорни на телецентрите и со пратеници;
- блог со цел за постојано да се следи патувањето на координаторите и да се контактира со координаторите;
- следење на придонесите на различните информатички центри од страна на аниматорите во развојот на електронска демократија и обмислување проекти во таа насока.

Учесници:

- Каролин Жикен, аниматорка на јавна точка за пристап до дигиталните технологии Сен-Џејмс (50)
- Моамед Гелуси, аниматор на јавна точка за пристап до дигиталните технологии – Асоцијација ЕСКАЛ (Простор, спорт, култури, активности, слободно време, размени) во Ла Ферте-Масе
- Матје Веск, аниматор на јавна точка за пристап до дигиталните технологии Ливаро (14)

Улога на Метаморфозис во развивањето на информатичките и комуникациските технологии во Република Македонија:

Република Македонија, која до 1991 беше дел од Југославија, денес е сосема независна држава. Република Македонија мораше сè одново да изгради. Таа се реши за воведување на информатичките и комуникациските технологии како и пристап кон знаењето со цел за развој и економски просперитет.

Во оваа насока Метаморфозис ги развива следните проекти:
- поттикнување на демократскиот развој во македонското општество
- зголемување на учеството на граѓаните
- промовирање на пристап кон знаењето и кон македонското историско и културно наследство со помош на интернетот...

Метаморфозис ја воведе првата мрежа на телецентри во Македонија, која е еквивалент на мрежата на телецентри, односно јавни точки за пристап до дигиталните технологии, од Долна Нормандија.

За повеќе информации:

- Центар за ресурси на јавни точки за пристап до дигиталните технологии (http://epnbn.ctn.asso.fr)
- Центар на нови технологии (www.ctn.asso.fr)
- Метаморфозис (www.metamorphosis.org.mk)
- Блог за престојот на координаторите во Македонија: http://animacedoine.over-blog.com/

План на интернет страната | © Conseil Régional de Basse-Normandie - Tous droits réservés
Région Basse-Normandie République de Macédoine Ministère des Affaires étrangères et européennes ALDA