Во рамките на активностите за 2010 година, во проектот за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Basse-Normandie Region Council од Франција, Центарот за Институционален Развој- ЦИРа и Savoir Faire et Decouverte спроведе тракалезни маси на тема „Вреднување на кутурното наследство можност за економски развој и развој на туризмот“ организирани во Општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово.
Тркалезните маси планирано се одржаа во:
Општина Новаци на 06.04.2010 со почеток од 12:00 часот
Општина Маврово-Ростуше на 07.04.2010 со почеток од 16:00 часот
Општина Берово на 10.04.2010 со почеток од 12:00 часот
Целта на тркалезните маси беше презентација на успешни искуства релизирани во Македонија во рамките на проектот како и размена на искуство и информации за превземање на активности за стимулирање на развојот културното наследство во Општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово, како можност за економски развојот и туризмот.
Почнувајќи од 2008 година, Центарот за Институционален развој-ЦИРа е вклучен во реализација на компонентата 5: „Одржлив туризам и развој“ во рамките на Децентрализираната соработка помеѓу регионот на Долна Нормандија и Република Македонија. Децентрализираната соработка меѓу овие два региона е резултат на заедничка на заедничка волја да се учествува во развојот на двете територии, со отворање кон светот и поттикнување на населението да се заложи кон едно локално и европско активно граѓанско преку реципроцитет и размена.
Со реализација на овие настани во рамките на активностите на проектот, ЦИРа придоносе за поголема промоција на културното наследство на овие општини и со тоа поголем економски развој на истите.
Од особена важност беше вклученоста на сите заинтересирани страни (Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, бизнис секторот (тур оператори, хотели) и граѓано од споменатите општини и други чие поле на делување го вклучува развојот на алтернативниот туризам и одржување на културното наследство во Македонија
Резултати од спроведените тракалезни маси :
• Презентиран дел од културното наследство на општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово преку подготвено видео од спроведените активности во рамките на проектот
• Разменети искуства помеѓу присутните за начините и видовите активности кои придонесуваат за потикнување на развојот на алтернатативниот туризам и културното наследство во општините Новаци, Маврово-Ростуше и Берово
• Зголемен интерес на сите заинтересирани страни за нивна вклученост во активностите на проектот.